Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 6:12-19

1 Коринтјаните 6:12-19 MK2006

„Сѐ ми е допуштено!“ Но не е сѐ по­лезно: „Сѐ ми е допуштено!“ Но ништо не сакам да завладее над мене. Храната е за стомакот, а стомакот за храната; но Бог и неа и него ќе ги уништи. Телото, пак, не е за блудство, а за Господ, а Господ – за телото. А Бог и Господ Го воскресна, и нас ќе нѐ воскресне со силата Своја. Зар не знаете дека телата ваши се делови од Христос? Ќе ги земам ли де­ловите од Христос и да ги направам делови на блудница? Тоа никако! Или, пак, не знаете дека оној, кој со блудница се соединува, станува едно те­ло со неа? Зашто е речено: „Обата ќе бидат едно тело.“ А кој се соединува со Господ, еден дух е со Него. Бегајте од блудството! Секој грев, што го прави човекот, е надвор од телото, а блудникот греши против своето тело. Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ни е даден од Бога и дека не при­па­ѓа­те само на себе?