И така, секој човек нека нѐ смета нас за служители Христови и управници на Божјите таинства, а од управниците понатаму се бара секој од нив да се покаже верен. За мене ништо не значи да бидам суден од вас, или од судот на другите луѓе; јас и самиот не се судам себе, зашто во ништо не се чувствувам виновен; но со тоа не сум оправдан: судија ми е Господ. Затоа, пак, не судете ништо предвреме, додека не дојде Господ, Кој ќе го изнесе на видело сокриеното во мракот и ќе ги објави намерите на срцата; и тогаш секој ќе прими пофалба од Бога. Ова браќа го применив на себе и на Аполос заради вас, за да се поучите од нас на онаа изрека: „Не повеќе од она што е напишано“, и да не се гордеете еден пред друг поради некого. Зашто, кој ти дава предимство? Што имаш, што не си примил? А штом си примил, зошто се фалиш, како да не си примил?
Прочитај 1 Коринтјаните 4
Слушај 1 Коринтјаните 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Коринтјаните 4:1-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа