Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 15:50-58

1 Коринтјаните 15:50-58 MK2006

А ова ви го велам, браќа, дека телото и крвта не можат да го наследат цар­ството Божјо, ниту распадливоста ја наследува нераспадливоста. Еве, тајна ви кажувам; сите нема да се упокоиме, туку сите ќе се измениме, одеднаш, за еден миг на око, на пос­ледната труба: зашто ќе затруби, и мрт­вите ќе воскреснат нераспадливо, а ние ќе се измениме; зашто распадливото треба да се об­лече во нераспадливост, а смртното – да се облече во бесмртност. А кога ова распадливо ќе се облече во нераспадливост, и она смртното – во бесмртност, тогаш ќе се збидне зборот напишан: „Победата ја проголта смртта.“ „О, смрт, каде ти е осилката? О, смрт, каде ти е победата?“ Осилото на смртта е гревот, а силата на гревот е Законот. Да Му благодариме на Бога, Кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исус Христос. И така, браќа мои возљубени, би­де­те постојани, непоколебливи и секогаш богати во делото Господово, знаејќи де­ка трудот ваш пред Господ нема да биде залуден.