Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 15:35-53

1 Коринтјаните 15:35-53 MK2006

Но ќе рече некој: како ќе воскреснат мртвите и во какво тело ќе дојдат? Безумниче, тоа што го сееш ти, не­ма да оживее, ако не умре. А кога сееш, не го сееш телото, кое треба да настане, туку голо зрно, на пример пченично или некое друго; но Бог му дава тело, какво што са­ка, и тоа на секое семе негово сопствено тело. Не е секое тело исто тело: друго е телото на човек, друго е телото на жи­вотно, друго на риба, друго на птица. Има тела небесни и тела земни, но друг е блесокот на небесните и друг на земните; друг е блесокот на сонцето; друг е блесокот на месечината, инаков е, пак, на ѕвездите; па и ѕвезда од ѕвезда по блесокот се разликува. Така е и со воскресението на мрт­ви­те: се сее за распаѓање; воскреснува во нераспаѓање; се сее во бесчестие – воскреснува во слава; се сее во немоќ – воскреснува во сила; се сее тело душевно – воскреснува тело духовно. Ако има тело душевно, има и тело духовно. Па така е и напишано: „Првиот чо­век Адам стана жива душа“, а последниот Адам – животворен дух. Но не е прво духовното, туку ду­шев­­ното, а потоа духовното. Првиот човек е од земја, земјен; вториот човек е Господ од небото. Каков е земјениот, такви се и земје­ните; и каков е Небесниот, такви се и небесните; и како што го носиме ликот на земјениот, така ќе го носиме и образот на Небесниот. А ова ви го велам, браќа, дека телото и крвта не можат да го наследат цар­ството Божјо, ниту распадливоста ја наследува нераспадливоста. Еве, тајна ви кажувам; сите нема да се упокоиме, туку сите ќе се измениме, одеднаш, за еден миг на око, на пос­ледната труба: зашто ќе затруби, и мрт­вите ќе воскреснат нераспадливо, а ние ќе се измениме; зашто распадливото треба да се об­лече во нераспадливост, а смртното – да се облече во бесмртност.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност