Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 15:1-11

1 Коринтјаните 15:1-11 MK2006

Браќа, ви напоменувам за Еван­гелието, Кое ви го проповедав, а кое вие го примивте и во Кое стоите. Преку Него и се спасувате, ако Го држите како што ви проповедав, освен ако не сте поверувале напразно. Ви го предадов најнапред она што го бев и примил, дека Христос умре за на­шите гревови, според Писмата; дека Тој беше погребан и дека на третиот ден воскресна, според Писмата, и дека му се јави на Кифа и потоа на Дванаесетте; после им се јави еднаш на повеќе од петстотини браќа, од кои повеќето се живи и до денес, а некои починаа; потоа му се јави на Јаков, и потоа на сите апостоли, а по сите, најпосле ми се јави и мене, како на некое недоносче, зашто јас сум најмалиот од апостолите и не сум достоен да се наречам апостол, бидејќи ја гонев Божјата црк­ва. Со благодатта на Бога сум тоа што сум, и Неговата благодат, која е во ме­не, не беше напразна, но повеќе се пот­рудив од сите нив; само не јас, туку Божјата благодат, која е со мене. И така, било јас, или тие, така про­поведаме, и вие така поверувавте.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност