1 Коринтјаните 11
11
1 #
4,16; Гал 4,12; Фил 3,17; 2 Сол 3,7.9; 1 Тим 4,12; Евр 6,12; 13,7 Угледајте се на мене, како и јас на Христос!
Мажот и жената пред Господ
2 #
2 Сол 2,15
Ве пофалувам, браќа, зашто во сѐ си спомнувате за мене и ги држите преданијата така како што сум ви ги предал. 3#Ефес 1,22; 4,15; 5,23Сакам уште да знаете дека глава на секој маж е Христос; а на жената мажот е глава; на Христос, пак, глава е Бог. 4Секој маж, кој се моли или пророкува со покриена глава, ја срамоти својата глава; 5а, пак, секоја жена, која се моли или пророкува гологлава, ја срамоти главата своја, зашто тоа е исто како да е истрижена. 6Ако жената не сака да се покрива, тогаш нека се стриже; ако, пак, е грдо за жена да се стриже или бричи, тогаш нека се покрива. 7#1 Мојс 1,27; 5,1; 2 Кор 4,4И така, мажот не треба да ја покрива главата своја, зашто е образ и слава Божја, а жената е слава на мажот. 8#1 Мојс 2,22-23; 1 Тим 2,13Зашто не е мажот од жената, туку жената од мажот; 9#1 Мојс 2,18и мажот не е создаден за жената, туку жената за мажот. 10#Ефес 3,10Затоа жената треба да има на главата свој знак од власта на мажот над неа поради ангелите. 11Па сепак, ниту жена е без маж, ниту маж е без жена во Господ. 12#Рим 11,36Зашто, како што е жената од мажот, така е и мажот преку жената; а сѐ е од Бога. 13Просудете сами во себе: доликува ли жена да Му се моли на Бога гологлава? 14Нели и самата природа ве учи дека е срамно за мажот да има долга коса? 15Но, ако жената си ја остави косата, тоа е украс за неа, бидејќи косата ѝ е дадена место превез. 16Но, ако некој сака да се препира, ние немаме таков обичај, ниту црквите Божји.
Господова вечера
(Мт 26,26-29; Мк 14,22-25; Лк 22,15-20)
17А заповедајќи ви го ова, не можам да ве пофалам дека за подобро, туку за полошо се собирате. 18#1,11.12Прво, пак, слушам дека, кога се собирате в црква, се појавуваат расколи меѓу вас, во што делумно верувам. 19А потребно е меѓу вас да има и разделувања, за да се истакнат подостојните меѓу вас. 20Но, кога се собирате така заедно, тоа не значи дека јадете вечера Господова: 21зашто на јадењето секој брза да ја земе својата вечера пред другите, така што еден останува гладен, а друг се опива. 22#Јк 2,6Немате ли куќи за да јадете и пиете? Или ја презирате црквата Божја и ги срамотите оние, што не се имотни? Што да ви речам? Да ве пофалам ли за тоа? Не пофалувам! 23А јас го примив од Господ она, што ви го предадов; а тоа е дека Господ Исус онаа ноќ, кога Го предадоа, зеде леб, 24и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас, правете го ова за спомен Мој!“ 25#2 Мојс 24,8; Ер 31,31; Зах 9,11; 2 Кор 3,6По вечерата, исто така, зеде и чаша, па рече: „Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!“ 26Зашто, секогаш, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господ, додека Тој не дојде. 27#Евр 6,6; 10,29Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господ. 28#2 Кор 13,5Но, секој човек да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. 29Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово. 30Па затоа меѓу вас има многу немоќни и нејаки, а мнозина и умираат. 31#Рим 14,22Зашто, ако бевме се испитувале сами себе, тогаш немаше да бидеме осудени. 32#Евр 12,5-8Но судејќи нѐ, Господ нѐ превоспитува, за да не бидеме осудени заедно со светот. 33Затоа, браќа мои, кога се собирате на јадење, дочекувајте се еден со друг. 34Ако е, пак, некој гладен, нека јаде дома, за да не се собирате за осуда. А другото ќе го наредам, кога ќе дојдам.
Селектирано:
1 Коринтјаните 11: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006