Синови Симонови: Немуел, Јамин, Јарив, Зерах и Саул. Негов син Селум; негов син Мивсам; негов син Мишма. Синовите на Мишма: Хамуел, син негов; неговиот син Закур, неговиот син Шимеј. Шимеј имаше шеснаесет синови и шест ќерки, но браќата негови немаа многу синови, и сиот нивни род не беше толку многуброен, како родот на синовите Јудини. Тие живееја во Вирсавија, Молада и Хацар-Шуал, во Билха, во Ецем, во Толад, во Ветуил, во Хорма, во Циклаг, во Бет-Маркавот, во Хацар-Сусим, во Бет-Бириј и во Шаараим. Тоа се градовите нивни до царувањето на Давид, со селата нивни: Етам, Ен-Римон, Токен и Ашан, – пет градови, и сите нивни села, што беа околу тие градови до Ваал; тоа се нивните живеалишта и родословија. А Мешовав, Јамлек и Јоша, син на Амасија, Јоил и Јуј, син на Јошивија, син на Сераија, син Асиелов, Елиоенај, Јакова, Јехошаја, Асаја, Адиел, Јесимиел и Бенаија, и Зиза, син на Шифиј, син на Алон, син на Једаја, син на Шимри, син Шемаиев, – сите овие споменати беа началници над своите родови, и домот на татковците нивни се разграни многу. Тие одеа до Гедор и до источната страна на долината, за да најдат пасишта за стадата свои; и најдоа густи и убави пасишта и широка земја, мирна и безопасна, зашто порано живееја малкумина од Хамовците. Па појдоа тие, запишани поименично, во дните на јудејскиот цар Езекија, па ги убија скитниците и заседнатите, што се наоѓаа таму, ги истребија засекогаш и се населија на местото нивно, зашто таму имаше пасишта за стадата нивни. А од нив, од Симоновите синови, петстотини души отидоа кон гората Сеир; началници им беа: Пелатија, Неарија, Рефаја и Узиил, синови на Иши, и ги убија избеганите остатоци од Амаликијците, и живеат таму и до денес.