Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 29:8-13

1 Летописи 29:8-13 MK2006

И оние, што имаа скапоцени камења, ги даваа и нив во ризницата на до­мот Господов, во рацете на Гирсонецот Јехиил. И народот се радуваше на нивната сесрдност, зашто тие од сѐ срце жртвуваа за Господ, па и Давид многу се радуваше. Тогаш го благослови Давид Господа пред целото собрание и рече: „Бла­гословен си, Господи Боже Израелов, отсекогаш и засекогаш! Твое е, Господи, и величието, и си­лата, и славата, и победата, и блесокот; и сѐ, што е на небото и на земјата, Твое е; Твое е, Господи, царството, Ти стоиш над сѐ одозгора како Владетел. Од Тебе се и богатството и славата; Ти владееш над сѐ, во Твојата рака е и силата и цврстината, и во Твоја власт е да издигнеш и да зацврстиш сѐ. И сега, Боже наш, Те славиме и го фалиме Твоето величествено име.