Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 27

27
Воено и цивилно уредување
1Еве ги синовите Израелови според нивниот број, началници на родовите, илјадници, стотници и чинов­ници, кои по одделенија му служеа на царот во сите работи, доа­ѓајќи и зами­нувајќи секој месец, во текот на сите месеци во годината. Во секое одделение тие беа по дваесет и четири илјади. 2#11,11; 2 Сам 23,8Над првото одделение, за првиот ме­сец, началник беше Јашовам, син Зав­диелов; во одделението негово има­ше дваесет и четири илјади; 3тој беше од потомците на Фарес и началник над сите воени началници во првиот месец. 4#2 Сам 23,9Над одделенето за вториот месец беше Додај, Ахохиецот; во одделението негово беше и началникот Миклот; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади. 5#11,22-25#2 Сам 23,20Третиот главен воен началник, за третиот месец, беше Ванеја, син на свештеникот Јодај; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади; 6тој, Ванеја, беше еден од триесетте јунаци и нивни началник, и во неговото одделение се наоѓаше неговиот син Амизавад. 7#2 Сам 2,18Четвртиот, за четвртиот месец, беше Асаил, Јоавов брат, и по него синот негов Зевадија; и во неговото од­деление имаше дваесет и четири илјади. 8Петтиот, за петтиот месец, беше началникот Шамхут, син на Израх; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади. 9#2 Сам 23,26Шести, за шестиот месец, беше Ира, син на Икеш, Текоецот; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади. 10Седми за седмиот месец, беше пелонјанецот Хелец, од Ефремовите синови; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади. 11#2 Сам 21,18Осми, за осмиот месец, беше Сив­хај, хушанчанецот од родот на Зерах; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади. 12Деветти, за деветтиот месец, беше Авиезер, од Анатот, од синовите Вени­јаминови; и во неговото одделение има­ше дваесет и четири илјади. 13Десетти, за десеттиот месец, беше Махарај, Нетофатец, од родот на Зерах; и во неговото одделение има­ше дваесет и четири илјади. 14Единаесетти, за единаесеттиот ме­сец, беше Ванеја, од Пиратон, од синовите Ефремови; и во неговото од­деление имаше дваесет и четири илјади. 15#Ис.Н. 15,17; 2 Сам 23,29Дванаесетти, за дванаесеттиот ме­сец, беше нетофатецот Хелдај, од по­томците на Готониил; и во неговото од­деление имаше дваесет и четири илјади.
Кнезови во Израел
16А над Израеловите племиња начал­ници беа: во Рувимовото – кнезот Елие­зер, Зихриевиот син; во Симео­новото – Сафатија, Мааховиот син; 17во Левиевото – Хашавија, син Кемуелов; во Ароновото – Садок; 18во Јудиното – Елијуј, од Давидо­вите браќа; во Исахаровиот – Омриј, Михаи­лов син; 19во Завулоновото – Јишмаја, Ав­диев син; во Нефталимовото Јеремот, Аз­риилов син; 20во Ефремовото – Осија, Азазиевиот син; во едната половина од Манасиево­то племе – Јоил, Федаевиот син; 21во другата половина од Манасие­вото племе во Галаад – Идо, Захарие­виот син; во Венијаминовото – Јасиел, Авенировиот син; 22во Дановото – Азариил, Јерохамо­виот син. Тоа беа водачите на Израело­вите племиња. 23#1 Мојс 12,2; 15,5; 2 Сам 24,1Давид не ги преброи оние што беа од дваесет години и подолу, зашто Гос­под беше рекол дека ќе го размножи Израел како ѕвездите небески. 24#21; 2 Сам 24,15Саруевиот син Јоав го почна пребројувањето, но не го доврши, и гнев Божји дојде врз Израел поради тоа пребројување, и тоа не се впиша во лето­писите на царот Давид.
Службеници над царските ризници и имоти
25Над царските ризници беше Азма­вет, Адиеловиот син, а над богатствата во полето, во градовите, во селата и во кулите – Јонатан, Озиевиот син; 26а над оние што работеа по полињата и ја обработуваа земјата беше Езри, Келувовиот син; 27над лозјата – Семеј од Рама, а над визбите со вино во лозјата – Завдиј, Шефамиецот; 28над маслините и смоквите во полињата – Гедерецот Ваал-Ханан, а над складовите за масло – Јоас; 29над крупниот добиток, што пасеше во Сарон – Саронецот Шитрај, а над до­битокот во долините – Шафат, синот на Адлај; 30над камилите – Јишмаелецот Овил; над магариците – Мероќанецот Јехдеја; 31над ситниот добиток – Хагриецот Јазиз. Сите тие беа началници над цар Давидовиот имот;
Давидови советници
32Јонатан, Давидовиот чичко, беше советник, човек умен и писмен; и Је­хиил, Ахмониевиот син, беше со царските синови; 33#2 Сам 15,12.37Ахитофел беше царев советник; а Кушиј Аркиецот – царев пријател; 34#1 Сам 22,20а по Ахитофел дојдоа Јодај, Бенае­виот син, и Авијатар; Јоав, пак, беше началник на царската војска.

Селектирано:

1 Летописи 27: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност