Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 25

25
Дваесет и четири реда пејачи на свештенички песни
1 # 1 Сам 10,5; 2 Цар 3,15; Неем 11,17; 2 Лет 5,12 Царот Давид и војводите ги избраа за служба синовите Асафо­ви, Еманови и Једутунови, за да пеат пророчки песни на лири, харфи и кимвали; беа одредени за работа во служ­бата своја: 2од синовите Асафови: Закур, Јосиф, Нетанија и Ашарела, синови Асафови, под раководство на Асаф, кој пееше пророчки песни според уредба на царот. 3#Пс 33,2Од Једутун – синовите Једутунови: Годолија, Цериј, Јешаја, Семеј, Хаша­вија и Матитија, шестмина, под рако­водство на татко си Једутун, кој пееше пророчки песни со лира и Го славо­словеше Господа. 4Од Еман – синовите Еманови: Буки­ја, Матанија, Узиил, Шевуел, Јеремот, Ананија, Ананиј, Елијата, Гидалтиј, Ромамтиј, Езер, Јошбе­каша, Малотиј, Хотир и Махазиот. 5Сите тие беа синови на Еман, цар­скиот јасновидец, определени спо­ред зборовите Божји, да ја вознесуваат славата. Бог му беше дал на Еман четиринаесет синови и три ќерки. 6Сите тие, под водство на татко си пееја во домот Господов на кимвали, харфи и лири за службата во домот Божји според упатството од царот, или од Асаф, Једутун и Еман. 7Бројот нивни, заедно со браќата нивни, обучени да пеат пред Господ, на сите што ја знаеја таа вештина беше двесте осумдесет и осум. 8А фрлија и ждрепка за смените на службата, малите заедно со големите, учителите заедно со учениците. 9Првата ждрепка падна на Асаф за Јосиф; вториот – на Годолија со бра­ќата негови и синовите негови; тие беа дванаесет; 10третиот – на Закур со синовите не­гови и браќата негови; тие беа дванаесет; 11четвртиот – на Јицриј со синовите негови и браќата негови; и тие беа два­наесет; 12петтиот – на Нетанија со синовите негови и браќата негови; тие беа дванаесет; 13шестиот – на Букија со синовите негови и браќата негови; тие беа дванаесет; 14седмиот – на Јешарела со сино­вите негови и браќата негови; тие беа дванаесет; 15осмиот – на Јешаја со синовите негови и браќата негови; и тие беа дванаесет; 16деветтиот – на Матанија со сино­вите негови и браќата негови; и тие беа дванаесет; 17десеттиот – на Семеј со синовите негови и браќата негови; сите заедно дванаесет; 18единаесеттиот – на Азариил со си­новите негови и браќата негови; и тие беа дванаесет; 19дванаесеттиот – на Хашавија со синовите негови и браќата негови; тие беа дванаесет; 20тринаесеттиот – на Шуваел со синовите негови и браќата негови; сите заедно дванаесет; 21четиринаесеттиот – на Матитија со синовите негови и браќата негови; и тие беа дванаесет; 22петнаесеттиот – на Јеремот со синовите свои и браќата свои; тие беа дванаесет; 23шеснаесеттиот – на Ананија со синовите негови и браќата негови; и тие беа дванаесет; 24седумнаесеттиот – на Јошбекаша со синовите негови и браќата негови; тие беа дванаесет; 25осумнаесеттиот – на Ананиј со синовите негови и браќата негови; вкупно дванаесет; 26деветнаесеттиот – на Малотиј со синовите негови и браќата негови; и тие беа дванаесет; 27дваесеттиот – Елијата со синовите негови и браќата негови; вкупно дванаесет; 28дваесет и првиот – на Хотир со синовите негови и браќата негови; тие беа дванаесет; 29дваесет и вториот – на Гидалтиј со синовите негови и браќата негови; тие беа дванаесет; 30дваесет и третиот – Махазиот со синовите негови и браќата негови; тие беа дванаесет; 31дваесет и четвртиот – на Ромам­ти-Езер со синовите негови и браќата негови; и тие беа дванаесет.

Селектирано:

1 Летописи 25: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се