Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 23

23
Бројот на левитите и нивната служба
1 # 1 Цар 1,1.30; 2 Лет 1,8 Кога остаре и се засити од животот, Давид го постави за цар над Израел синот свој Соломон. 2И ги собра сите началници израел­ски, свештениците и левитите; 3#4 Мојс 4,3; 8,24а левитите од триесет години и на­горе беа преброени: бројот нивни, на сите до еден, беше триесет и осум илјади души. 4#Ез 44,24; Неем 4,10; 2 Лет 19,8Од нив беа определени за работа во домот Господов дваесет и четири илјади, писари и судии – шест илјади, 5#4 Мојс 3,17; Пс 92,2; Неем 12,45; 2 Лет 8,14четири илјади вратари и четири илјади, оние што ќе Го слават Гос­пода со свирки, направени од Давид за про­славување на Господ. 6И ги раздели Давид на смени според Левиевите синови – Гирсон, Каат и Мерари. 7Од Гирсоновите беа: Ладан и Семеј. 8Синови Ладанови: прв Јехиил, Зетам и Јоил – тројца. 9Синови Семеиеви: Шеломит, Хазиел и Аран – тројца. Тие беа Ладанови ро­довски началници. 10А и уште синовите Семеиеви: Ја­хат, Зина, Јеус, Берија. Тоа беа синови Семеиеви – уште четворица. 11Јахат беше главен, Зина втор; Јеус и Берија имаа малку деца, затоа беа приброени со татковиот дом. 12#2 Мојс 6,18Синовите Каатови: Амрам, Ицхар, Хеврон и Узиил – четворица. 13#2 Мојс 6,20; 30,7-10; 4 Мојс 6,23Синовите Амрамови: Арон и Мој­сеј. Арон беше определен да ги посветува најсветите работи довека, тој и синовите негови, за да кадат пред лицето на Господ, да Му служат и да го благословуваат Неговото име довека. 14#5 Мојс 33,1А Мојсеј, човек Божји, и сино­вите негови беа придодадени кон Левиевото племе. 15#2 Мојс 18,4Синови Мојсееви: Гершом и Елие­зер. 16Синови Гершомови: прв беше Шевуел. 17Синови Елиезерови беа: прв Рихавија. Други синови Елиезер нема­ше; а Рихавија имаше многу синови. 18Синови Јицхарови: прв Шеломит. 19Синови Хевронови: прв Јерија, втор Амарија, трет Јахазиел и четврти Јекамам. 20Синови Узиилови: прв Миха и втор Јишија. 21#2 Мојс 6,19Синови Мерариеви: Махли и Муши. Синови Махлиеви: Елеазар и Кис. 22#4 Мојс 36,8Елеазар умре и немаше синови, ту­ку само ќерки; и се оженија со нив синови Кисови, нивни братучеди. 23Синови Мушиеви: Махли, Едер и Јеремот – тројца. 24#23,3; 4 Мојс 4,3Тоа беа синовите Левиеви според домовите на татковците нивни, глави на домовите, што беа преброени сите до еден по име, а кои ги вршеа службите во домот Господов, од дваесет години нагоре. 25Зашто Давид рече: „Господ, Бог Израелов, му даде мир на Својот народ и го насели во Ерусалим засекогаш, 26#4 Мојс 4,5.15та левитите нема да имаат потреба да ја носат скинијата и секакви нејзини предмети за служење во неа.“ 27Затоа, според последните Давидо­ви заповеди, беа преброени левитите од дваесет години и нагоре, 28#4 Мојс 1,50-53; 3,6-9; 4,1-33#Неем 13,9; 2 Лет 29,15за да бидат покрај синовите Аро­нови, да служат во домот Господов, во дворот и во тремовите, да пазат на чистота во целото светилиште и да ја извршуваат секоја служба во Божјиот дом; 29#2 Мојс 25,30; 3 Мојс 2,4-7да ги надгледуваат принесените лебови, пченичното брашно за лебен принос, пресните пити, сѐ печено и пржено и над сите мерки и тежини; 30#Пс 134,1секое утро да стојат за да благодарат и да Го славословат Господа, како и навечер, 31#2 Цар 4,23; Ис 1,13-14; Кол 2,16при сите сепаленици, принесувани на Господ во саботни дни, во ново­месечијата и во празниците според бројот, како што е заповедано за нив, – постојано пред лицето на Господ, – 32#4 Мојс 3,6-8.38; Ез 44,14; 2 Лет 23,18и да ја пазат скинијата на собранието, светилиштето и синовите Аронови, нивни браќа, на службите во домот Господов.

Селектирано:

1 Летописи 23: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се