Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 21

21
Давид прави попис на војската
(2 Сам 24,1-25)
1 # Пс 109,6; 2 Лет 18,21 Се крена сатаната против Израел и го поттикна Давид да ги преброи Израелците. 2И Давид му рече на Јоав и на начал­ниците народни: „Одете, пребројте ги Израелците од Вирсавија до Дан, и соопштете ми за да го знам нивниот број.“ 3#5 Мојс 1,11Јоав рече: „Да го намножи Господ народот Свој стопати повеќе, отколку што е! Сите тие, господаре мој, царе, нели се слуги на мојот господар? Зошто го бара тоа мојот господар? Зошто тоа да му стане причина за вина на Израел?“ 4Но царскиот збор надвладеа над Јоав. И отиде Јоав, та го обиколи сиот Израел, и дојде во Ерусалим. 5И му даде Јоав на Давид список на преброениот народ. Сите Израелци беа еден милион и сто илјади мажи мечо­носци, и Јудејци четиристотини и се­думдесет илјади мечоносци. 6А левитите и Венијаминовите пл­е­миња не ги преброи со нив, зашто царскиот збор му беше одвратен на Јоав. 7Тоа нешто Му беше мрско на Бога, и Тој го порази Израел. 8И Давид Му рече на Бога: „Многу згрешив, што го направив тоа. Сега прости му ја вината на Твојот слуга, зашто постапив многу неразумно.“ 9#1 Сам 9,9; 22,5И му рече Господ на Гад, јасновидецот Давидов: 10„Оди и кажи му на Давид: вака вели Господ: три казни ти предлагам; избери си една од нив, и Јас ќе ја испратам врз тебе.“ 11Дојде Гад кај Давид и му рече: „Така вели Господ, избери си: 12#5 Мојс 32,24‚или три години глад, или три ме­сеци да бидеш прогонуван од твоите непријатели, и мечот на твоите не­пријатели да се допира до тебе; или три дена мечот Господов и помор по земјата и ангел Господов да убива по сите предели на Израел.‘ И така, види што да Му одговорам на Оној, Кој ме испрати со овие зборови.“ 13#Пс 6,3; 86,15; 130,4.7Давид му одговори на Гад: „Многу ми е тешко, но подобро да паднам во рацете на Господ, зашто милосрдието Негово е многу големо; само да не паднам во рацете човечки.“ 14И испрати Господ помор на Израел, и умреа седумдесет илјади души Израелци. 15#1 Мојс 6,6; 2 Мојс 32,14Па го испрати Господ ангелот во Ерусалим, за да го истребува. И кога почна да го истребува, Господ виде и се нажали поради тоа зло, и му рече на ангелот истребител: „Доста! Сега спуш­ти ја раката своја!“ А ангелот тогаш стоеше над гумното на Јеву­сиецот Орнан. 16#4 Мојс 14,5; Ис.Н. 7,6Давид ги крена очите и го виде ангелот Господов како стои меѓу небо­то и земјата со гол меч во раката негова, протегнат над Ерусалим; и падна Давид ничкум со началниците, покрие­ни со вреќишта. 17#2 Сам 7,8И Му рече Давид на Господ: „Нели јас наредив да го пребројат народот? Јас згрешив, јас направив зло, а овие овци што направиле? Господи, Боже мој! Не­ка биде Твојата рака врз мене и врз мојот татков дом, а не врз Твојот народ, за да го погубиш.“ 18#2 Лет 3,1И ангелот Господов му рече на Гад, за да му каже на Давид: „Нека дојде Да­вид и нека постави жртвеник на Господ врз гумното на Јевусиецот Орнан.“ 19Давид отиде, според зборовите на Гад, кој му говореше од името Госпо­дово. 20#Суд 6,11Орнан се сврте, го виде ангелот, а четворицата синови негови се сокрија. Орнан тогаш вршеше пченица. 21Дојде Давид кај Орнан. Орнан, от­како погледа и го виде Давид, излезе од гумното и му се поклони на Давид ничкум до земја. 22Давид му рече на Орнан: „Дај ми го местото на гумново, јас ќе Му изградам на него жртвеник на Гос­под; дај ми го за онолку колку што чини, за да се прекине истребувањето на народот.“ 23Орнан му одговори на Давид: „Земи го: нека мојот цар-господар прави што му е волја; еве, ги давам и воловите за сепаленици, и плуговите за дрва, и пче­ницата – за принос; сето тоа го давам како дар.“ 24Царот Давид му рече на Орнан: „Не, јас сакам да го купам тоа од тебе за онолку колку што чини, зашто нема да Му принесувам на Господ твој имот и нема да принесувам сепаленици од нешто, земено како подарок.“ 25И Давид му даде на Орнан за она место шестотини шекели злато. 26#2 Мојс 19,18; 3 Мојс 9,24; Суд 6,21Па Му изгради Давид таму жртве­ник на Господ и Му принесе сепаленици и помирителни жртви; и Го призва Господа, и Тој го послуша, испраќајќи оган од небото врз жртвеникот за сепаленици. 27Тогаш Господ му рече на ангелот: „Врати го мечот свој во ножницата негова!“ 28Во тоа време Давид, откако виде дека Господ го послуша на гумното на Јевусиецот Орнан, таму принесе жртва. 29#Ис.Н. 9,3А Господовата скинија, што беше ја направил Мојсеј во пустината, и жртве­никот за сепаленици во тоа време се најдоа на Гаваонското возви­шение. 30И Давид не можеше да оди таму, за да Го побара Бога, зашто беше уплашен од мечот на ангелот Господов.

Селектирано:

1 Летописи 21: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност