Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 2

2
Потомците на Јуда
1 # 1 Мојс 35,23-26 Еве ги синовите на Израел: Рувим, Симеон, Левиј, Јуда, Исахар, Заву­лон, 2Дан, Јосиф, Венијамин, Нефталим, Гад и Асир. 3#1 Мојс 38,5.7; 38,27-30#1 Мојс 29,35; 4 Мојс 26,19Синови на Јуда: Ер, Онан и Шела, – тројцата му се родија од Шуевата ќерка, Хананејка. Ер, првенецот Јудин, беше лош во очите на Господ, и Тој го уби. 4Тамара, негова снаа, му ги роди Фарес и Зерах. Сите синови на Јуда беа пет. 5Синовите на Фарес се: Есром и Хамул. 6#1 Цар 5,11Синовите на Зерах: Замвриј, Етан, Еман, Калкол и Дара – сѐ на сѐ пет. 7#Ис.Н. 6,18; 7,1Синови на Карми: Ахар, кој навлече неволја врз Израел, прекр­шувајќи ја заклетвата. 8Син на Етан: Азарија.
Семејната лоза на царот Давид
9 # 4 Мојс 26,21 Синови на Есром што му се родија: Јерахмеел, Арам и Келувај. 10#2 Мојс 6,23; 4 Мојс 1,7Арам, пак, го роди Аминадав: Ами­надав го роди Наасон, началник на Јудините синови; 11Наасон го роди Салмон, Салмон го роди Вооз; 12#Рута 2,1; 4,17Вооз го роди Овид, Овид го роди Јесеј; 13#1 Сам 16,6-13Јесеј го роди својот прв син Елијав, вториот Аминадав, третиот Шима, 14четвртиот – Натанаил, петтиот – Радај, 15шестиот – Озем, седмиот – Давид. 16#1 Сам 26,6; 2 Сам 2,13.18Нивни сестри беа: Саруја и Авигеја. Синови на Саруја: Авеса, Јоав и Асаил, – тројца. 17#2 Сам 17,25Авигеја го роди Амаса; а татко на Амаса беше Јетер, Јишмаелец. 18Халев, синот Есромов, со жените Азува и Јериота, и еве ги синовите негови: Јешер, Шовав и Ардон. 19Умре Азува, и Халев ја зеде за жена Ефрата, а таа му го роди Ор. 20Ор го роди Ури, а Ури го роди Веселеил. 21Потоа Есром влезе при ќерката на Махир, Галаадов татко, и ја зеде, кога тој беше на шеесет години, а таа му го роди Сегув. 22Сегув го роди Јаир; тој имаше дваесет и три града во Галаадската земја, 23#4 Мојс 32,41; 5 Мојс 3,14бидејќи од Гесурците и Арамеј­ците ги зеде селата Јаирови и Кенат со селата, – шеесет градови. Сите тие градови беа на синовите од Махир, Галаадовиот татко. 24Откако умре Есром во Ха­лев-Еф­рат, Есромовата жена Авија му го роди Ашхур, татко на Текоа.
Потомците на Јерахмеел
25Синови на Јерахмеел, Есромовиот првенец, беа: првенецот Арам, по него Буна, Орен, Озем и Ахија. 26Јерахмеел имаше и друга жена, по име Атара; таа беше мајка на Онам. 27Синовите на Арам, првенец Јерах­меелов, беа: Маац, Јамин и Екер. 28Синови на Онам беа: Шамај и Јада. Синови на Шамај: Надав и Авишур. 29Жената Авишурова се викаше Авихајла, таа му ги роди Ахван и Молид. 30Синови на Надав: Селед и Афаим. Селед умре бездетен. 31Афаимовиот син беше Иши, Ишиевиот син – Шешан, Шешановиот син – Ахлај. 32Синови на Јада, Шамаевиот брат: Јетер и Јонатан; Јетер умре бездетен. 33Синови на Јонатан: Пелет и Заза. Тоа се синовите Јерахмеелови. 34Шешан немаше синови, туку само ќерки. Шешан имаше еден роб, Егип­ќанец, по име Јарха. 35Шешан му ја даде ќерката своја за жена на својот роб Јарха, а таа му го роди Атај. 36Атај го роди Натана, Натан го роди Завад; 37Завад го роди Ефлал, Ефлал го роди Овид; 38Овид го роди Јуј, Јуј го роди Азарија; 39Азарија го роди Хелец, а Хелец го роди Елеаса; 40Елеаса го роди Сисмаја, Сисмај го роди Салум; 41Селум го роди Јекамија, Јекамија го роди Елишама.
Други потомци на Халев
42Синови на Халев, брат Јера­хмеелов, беа: Меша, негов првенец, кој е татко на Зиф, а синовите на Меша: Хеврон. 43Синови на Хеврон: Кореј и Тапуах, Рекем и Шема. 44Шема го роди Рахам, Јоркеамов татко, а Рекем го роди Шамај. 45Шамаевиот син беше Маон, а Маон беше татко на Бет-Цур. 46А Ефа, прилежницата на Халев, ги роди Харан, Моца и Газез. 47Синови на Јахдај: Регем, Јотам, Гешан, Фелет, Ефа и Сааф. 48Мааха, прилежницата Халевова, го роди Шевер и Тирхан; 49таа го роди и Шааф, таткото на Мадмана и Сева, таткото на Макве­нин и татко на Гива. А ќерка Хале­вова бе­ше Ахса. 50Еве ги синовите Халевови: синот Ор, првенец од Ефрата; Шовал, татко на Кирјат-Јарим; 51Салмон, Витлеемов татко; Хареф, Бет-Гадеров татко. 52Шовал, Кирјат-Јаримовиот татко, имаше син: Харое, од кого се половината жители на Менухот. 53Од родовите на Кирјат-Јарим: Ит­рити, Путити, Шуматити и Миш­раити. Од нив потекнуваат племињата: Сорат­јани и Ештаолјани. 54Синови Салминови: Витлеемците и Нетофатците, Атровците од Јоавовиот дом, и половината од Манахатиевите Сараќани, 55племињата на писарите што живееја во Јабец беа: Тираќани, Шимеаќани, Сукаќани, тоа се Кениј­ците што дојдоа од Хамат, од таткото на Рихавовиот дом.

Селектирано:

1 Летописи 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се