Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 17:16-27

1 Летописи 17:16-27 MK2006

Тогаш царот Давид дојде, застана пред лицето Господово и рече: „Кој сум јас, Господи Боже, и што е мојот дом, та толку ме подигна? Но и тоа се покажа малку во Твои­те очи, Боже; Ти навестуваш за домот на Твојот слуга далечна иднина и гле­даш на мене како на голем човек, Гос­поди Боже! Што уште може да каже пред Тебе Давид, за славата на Твојот слуга? Ти го знаеш Својот слуга! Господи, за Твојот слуга, според ср­цето Свое, Ти ги правиш сите тие големи дела, објавувајќи го сето ова вели­чие. Господи, по сѐ она што сме го чуле со ушите свои, сличен на Тебе нема и нема Бог освен Тебе! И кој е сличен на Твојот народ Из­раел, единствен народ на земјата, кај кој доаѓал Бог, да го откупи за свој народ, за да се здобие со име на големи и страшни дела – преку прогонување на народите пред Твојот народ, кој го спаси од Египет, Ти. Ти го направи Твојот народ Израел Свој сопствен народ засекогаш и Ти, Господи, стана негов Бог. И така, сега, о Господи, утврди го засекогаш словото, што си му го кажал на Твојот слуга и за неговиот дом, и направи, според она како што си кажал. Нека се зацврсти и нека се возве­личи Твоето име засекогаш, за да велат: ‚Господ Саваот, Бог Израе­лов, е Бог на Израел‘ и домот на Твојот слуга Давид да биде цврст пред Твоето лице. Зашто Ти, Боже мој, му јави на Твојот слуга дека ќе му изградиш дом, та затоа и Твојот слуга се осмели да се моли пред Тебе. И сега, Господи, Ти си Бог, и Ти го вети за Твојот слуга тоа добро. Затоа, според Твојата благонакло­ност, благослови го домот на Твојот слуга, за да биде вечен пред Твоето ли­це; зашто, ако Ти, Господи, го благо­словиш, ќе биде благословен засекогаш.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност