Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 15:1-24

1 Летописи 15:1-24 MK2006

Тогаш си изгради тој палата во Давидовиот град, подготви мес­то за ковчегот Божји и направи скинија за него. И рече Давид: „Никој не смее да го носи ковчегот Божји, освен левитите, бидејќи нив ги избра Господ, за да го носат ковчегот Господов и да Му служат засекогаш.“ И ги собра Давид сите Израелци во Ерусалим, за да го внесат ковчегот Гос­подов на местото негово, што го беше поставил за него. Па ги свика Давид синовите Ароно­ви и левитите: од синовите Каатови, началникот Уриил и браќата негови – сто и дваесет души; од синовите Мерариеви, начал­никот Асаја и браќата негови – двесте и дваесет души; од синовите Гершомови, начал­никот Јоил и браќата негови – сто и триесет души; од синовите Елицафанови, начал­никот Шемаја и браќата негови – двесте; од синовите Хевронови, начални­кот Елиил и браќата негови – осумдесет; од синовите Узиилови, начални­кот Аминадав и браќата негови – сто и дванаесет. И ги повика Давид свештениците: Садок и Авијатар, и левитите: Уриил, Асаја, Јоил, Шемаја, Елиил и Ами­надав, и им рече: „Вие, началници на ле­витските родови, осветете се, вие и браќата ваши, и однесете го ковчегот на Господ, Бог Израелов, на местото, што сум му го подготвил; и поради тоа што порано не го вршевте вие тоа, Господ, Бог наш, нѐ раздели, затоа што не Го баравме, како што требаше.“ И се осветија свештениците и левитите, за да го носат ковчегот на Господ, Бог Израелов. И синовите левитски го понесоа ковчегот Божји, како што беше запо­ведал Мојсеј според словото Господово, на раменици, со лостови. Тогаш Давид им заповеда на левитските началници да ги постават браќата свои певци со свирки – харфи, лири и кимвали, да разгласат со висок радосен глас. Левитите го поставија Јоиловиот син Еман, и од браќата негови – Вара­хиевиот син Асаф, а од синовите Мера­риеви, нивни браќа – Кушаие­виот син Етан; и со нив браќата нивни, од втор ред: Захарија, Јаазиел, Шемирамот, Јехиил, Униј, Елијав, Ванеја, Маа­сејаху, Мати­тија, Елифлеху, Микнеја, Аведар и Јеиел – вратари. Еман, Асаф и Етан удираа силно на бакарни кимвали, а Захарија, Азиел, Шемирамот, Јехиил, Униј, Елијав, Маасејаху и Ване­ја – на харфи, според Аламот. А Матитија, Елифлеху, Микнеја, Аведар, Јеиел и Азазија – на лири, спо­ред Шеминит. Кенанија, пак, началник левитски, бе­ше учител по пеење, зашто беше вешт во пеењето. Варахија и Елкана беа вратари кај ковчегот. Шеванија, Јосафат, Натанаил, Амасај, Захарија, Ванеја и Елиезер, свештеници, трубеа со труби пред ков­чегот Божји. Аведар и Јехија беа вратари кај ковчегот.