Марко 8
8
Исус нахранува четири илјади луѓе
(Мт 15,32-39)
1 #
6,34-36
Во тие дни, кога се беше собрал многу народ и немаше што да јадат, Исус ги повика учениците Свои и им рече: 2„Ми е жал за народот, зашто веќе три дни стојат кај Мене и нема што да јадат. 3#Евр 12,3Ако ги пуштам да си одат гладни по куќите нивни, ќе премалеат по патот, зашто некои од нив се дојдени оддалеку.“ 4#8,16-17; Јн 6,26Учениците Му одговорија: „Од каде може човек сите овие да ги нахрани со леб, овде во пустинава?“ 5И ги праша: „Колку лебови имате?“ А тие одговорија: „Седум.“ 6#Јн 6,10Тогаш му заповеда на народот да поседне по земјата; па, откако ги зеде седумте лебови, заблагодари, ги раскрши и им ги даде на учениците Свои да ги разделат; и тие ги разделија на народот. 7Имаа и малку рипчиња; ги благослови и заповеда да ги раздадат и нив. 8#Мт 14,20И јадеа, и се наситија; и собраа седум кошници останати парчиња. 9А оние, што јадеа, беа околу четири илјади. И ги распушти. 10И веднаш влезе во кораб со учениците Свои и дојде во пределите Далманутски.
Фарисеите бараат чудо
(Мт 12,38-39; 16,1-4; Лк 11,16-29; 12,54-56)
11 #
5 Мојс 18,20-22; Ис 7,10-14; Мт 12,38; 16,1; Лк 11,16; 1 Кор 1,22 И излегоа фарисеите и почнаа да се препираат со Него, па искушувајќи Го, бараа од него знак од небото. 12#Лк 11,29; Евр 3,10А Тој воздивна длабоко и рече: „Зошто овој род бара знак? Вистина ви велам: нема да му се даде знак на овој род.“ 13И кога ги остави, пак влезе во коработ и премина на другата страна.
За штетниот „квасец“
(Мт 16,5-12; Лк 12,1)
14А учениците Негови беа заборавиле да ги земат лебовите и немаа со себе во коработ, освен еден леб. 15#Лк 12,1; 1 Кор 5,6-8А Тој ги опоменуваше, велејќи: „Внимавајте, чувајте се од квасот фарисејски и од квасот Иродов!“ 16И си размислуваа меѓу себе, велејќи: „Тоа е затоа што немаме леб.“ 17#6,52А Исус, кога ги разбра, им рече: „Зошто зборувате за тоа што немате леб? Зар уште не сфаќате и не разбирате? Уште ли е скаменето вашето срце? 18#4,12; Ер 5,21; Ез 12,2; Лк 8,10Очи имате, не гледате ли? Уши имате, не слушате ли? И не помните ли? 19#6,35-44Кога ги раскршив петте леба, за пет илјади души, колку полни кошеви со парчиња собравте?“ Му рекоа: „Дванаесет.“ 20#8,8-9„А седумте – за четири илјади, колку полни кошници со останати парчиња собравте?“ Тие одговорија: „Седум.“ 21#4,13И им рече: „Па како тогаш не разбирате?“
Исцелувањето на слеп човек
22 #
5,30; 10,46-52 Потоа дојде во Витсаида; и доведоа кај Него слеп и Го молеа да се допре до него. 23#7,33; Јн 9,6.11.15; 1 Тим 4,14И кога го зеде слепиот за рака, го изведе надвор од селото и, откако плукна на очите негови, ги положи рацете над него, па го праша дали гледа нешто. 24Тој, кога погледна, рече: „Ги гледам луѓето да одат како дрвја.“ 25Потоа пак ги положи рацете над очите и направи да прогледа. И се излекува и ги гледаше сите јасно. 26#1,34И го испрати во домот негов и му рече: „Ниту в село влегувај, ниту в село некому раскажувај!“
Петровото исповедање на верата
(Мт 16,13-20; Лк 9,18-21)
27И излезе Исус со учениците Свои по селата на Кесарија Филипова. По патот ги праша учениците Свои и им рече: „Што велат луѓето, Кој сум Јас?“ 28#6,14-15; Лк 9,7-8Тие одговорија: „Јован Крстител, некои Илија, а други, пак, некој од пророците.“ 29#1,1; 14,61Тој, пак, им рече: „А вие, што велите, Кој сум Јас?“ Петар Му одговори и рече: „Ти си Христос!“ 30#Мт 8,4И им заповеда никому да не говорат за Него.
Исус ја навестува Својата смрт и воскресение
(Мт 16,21-23; Лк 9,22)
31 #
10,32-34; Мт 17,12.22; Лк 17,25 Па почна да ги учи дека Синот Човечки треба многу да пострада, да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжниците, и да биде убиен и по третиот ден да воскресне. 32И говореше за тоа отворено. Но Петар, Го повлече насамо и почна да Го одвраќа. 33#Мт 4,10; Рим 8,5А Тој, кога се заврте и ги погледна учениците Свои, му забрани на Петар да говори и рече: „Бегај од Мене, сатано! Зашто не мислиш на она што е Божјо, туку на она што е човечко!“
Патот на Исусовите следбеници
(Мт 16,24-28; Лк 9,23-27)
34 #
Лк 14,27
И кога го повика народот и учениците Свои, им рече: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене. 35#Мт 10,39Зашто, кој сака да го спаси својот живот, ќе го загуби; а кој го загуби животот свој заради Мене и Евангелието, тој ќе го спаси. 36Зашто каква полза има човек, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости? 37#Пс 48,7-8Или каков откуп ќе даде човек за својата душа? 38#Мт 10,33; Лк 12,9; Рим 1,16; 2 Тим 2,12Зашто, кој се срами од Мене и од зборовите Мои во овој прељубодеен и грешен род, и Синот Човечки ќе се срами од него, кога ќе дојде во славата на Својот Отец со светите ангели.“
Селектирано:
Марко 8: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006