Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 25

25
Парабола за десетте девојки
1 # Лк 12,35-36 „Тогаш царството небесно ќе заприлега на десет девојки, кои ги зедоа своите светилки и излегоа да го пресретнат младоженецот. 2Петте од нив беа мудри, а петте не­разумни. 3Неразумните ги зедоа светилките свои, но не понесоа со себе масло; 4а мудрите, заедно со светилките свои, зедоа во садовите и масло; 5#24,48; 2 Птр 3,9и бидејќи младоженецот се забави, сите задремаа и заспаа. 6#Лк 17,34; 1 Сол 5,2А на полноќ се чу викање: ‚Еве, младоженецот, доаѓа, излезете да го пре­сретнете!‘ 7Тогаш сите тие девојки станаа и ги приготвија своите светилки. 8#Изреки 13,9Неразумните, пак, им рекоа на мудрите: ‚Дајте ни од вашето масло, зашто нашите светилки гаснат.‘ 9Мудрите им одговорија и рекоа: ‚Но, може да не ни стигне и нам и вам: по­добро одете кај продавачите и купете си!‘ 10#24,44; Откр 19,7.9А кога тие отидоа да купат, прис­тигна младоженецот и приготвените влегоа со него на свадбата, и вратите се затворија. 11#Лк 13,25Потоа дојдоа и другите девојки и викаа: ‚Господаре, господаре, отвори ни!‘ 12#7,23; Лк 13,27А тој им одговори и рече: ‚Вистина, ви велам: не ве познавам!‘ 13#24,36.42; Мк 13,33И така, бидете будни, зашто не го знаете ниту денот, ниту часот, кога ќе дојде Синот Човечки.“
Парабола за талантите
(Лк 19,11-27)
14 # Лк 19,12 „Зашто, Тој ќе постапи како човекот, кој тргнувајќи на пат, ги повика слугите свои и им го предаде својот имот; 15и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден, секому според способноста негова; и веднаш замина. 16Оној што зеде пет таланти, отиде, ги употреби во работа и спечали други пет таланти; 17и исто така и оној што зеде два таланта, спечали други два; 18а оној, што доби еден талант, отиде и го закопа в земја и така ги сокри парите на својот господар. 19#18,23По долго време дојде господарот на овие слуги и побара да му поднесат сметка. 20И кога пристапи оној што беше примил пет таланти, донесе уште пет таланти и рече: ‚Господаре, ти ми предаде пет таланти; ете, со нив спечалив уште пет таланти.‘ 21#19,28; Лк 12,44; 16,10Господарот негов му рече: ‚Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; влези во радоста на својот господар!‘ 22Му пристапи и оној што беше при­мил два таланта и рече: ‚Господаре, ти ми предаде два таланта, еве, со нив спечалив уште два таланта.‘ 23#Јн 15,11Господарот му рече: ‚Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; сподели ја радоста со својот господар!‘ 24Му пристапи и оној што беше зел еден талант и рече: ‚Господаре, те знаев дека си жесток човек: жнееш каде што не си сеел, и собираш каде што не си веел, 25па се уплашив и отидов, и го сокрив твојот талант в земја; ете ти го твоето.‘ 26А господарот му одговори и рече: ‚Зол и мрзлив слуго! Ако си знаел дека жнеам, каде што не сум сеел, и собирам каде што не сум веел, 27требаше моите пари да им ги дадеш на трговците, па кога ќе дојдам да си го приберам своето со добивка; 28земете го од него талантот и дајте му го на оној што има десет таланти; 29#13,12; Лк 19,26зашто секому, што има, ќе му се даде и преумножи, а од оној, што нема, ќе му се одземе и она што го има; 30#8,12а лошиот слуга фрлете го во крајна темнина: таму ќе биде плач и крцкање со заби.‘“ Откако го рече тоа, извика: „Кој има уши да слуша, нека чуе.“
Судниот ден
31 # 16,27; 19,28; Зах 14,5; Мк 8,38; Лк 9,26; Јуда 1,14 „А кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, 32#13,49; Ез 34,17и ќе се соберат пред Него сите на­роди, па ќе ги оддели едни од други, како што пастирот ги одделува овците од козите; 33#22,44; Пс 109,1и ќе ги постави овците од Својата десна страна, а козите од левата. 34#Лк 22,30; Ефес 1,4Тогаш Царот ќе им каже на оние што Му се од десната страна: ‚Дојдете, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, подготвено за вас од почетокот на светот; 35#Ис 58,7; Јов 31,32; Лк 14,12-14; Дела 6,1-3зашто, гладен бев и Ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте, стра­нец бев и Ме примивте; 36#Лк 3,11; 2 Тим 1,16-18; Евр 13,3необлечен бев и Ме облековте; болен бев и Ме посетивте; во затвор бев и дојдовте кај Мене.‘ 37Тогаш праведниците ќе Му одговорат и речат: ‚Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме, или жеден и Те напоивме? 38Кога те видовме странец и Те прибравме, или необлечен и Те облековме? 39Кога Те видовме болен, или во затвор и Те посетивме?‘ 40#10,40.42; 18,5; Изреки 19,17; Јн 20,17; Откр 11,15А Царот ќе им одговори и ќе рече: ‚Вистина, ви велам: доколку сте го направиле тоа за еден од овие Мои најмали браќа, за Мене сте го направиле.‘ 41#7,23; 2 Сол 1,9; Јуда 1,7Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: ‚Бегајте од Мене, проклети, во вечен оган, подготвен за ѓаволот и за неговите ангели! 42#Јов 22,7Зашто, гладен бев и не Ми дадовте да јадам; жеден бев и не Ме напоивте; 43#10,14; Јов 22,6; Лк 9,53странец бев и не Ме прибравте; необлечен бев и не Ме облековте; болен и во затвор бев и не Ме посетивте.‘ 44Тогаш и тие ќе Му одговорат и речат: ‚Господи, кога Те видовме гла­ден, или жеден, или странец, или не­облечен, или болен, или во затвор – не Ти послуживме?‘ 45Тогаш ќе им одговори и рече: ‚Доколку не сте го направиле тоа за еден од овие најмали браќа ниту за Мене не сте го направиле.‘ 46#Дан 12,2; Јн 5,29И тие ќе отидат во вечна мака, а праведниците – во живот вечен.“

Селектирано:

Матеј 25: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се