Матеј 22
22
Парабола за свадбата на царевиот син
(Лк 14,15-24)
1 #
13,33
И одговарајќи, Исус пак им говореше во параболи и рече: 2#8,11; 18,23; Изреки 9,1-6„Царството небесно прилега на еден цар, кој направи свадба за својот син. 3#21,34И ги испрати своите слуги да ги повикаат поканетите на свадба; а тие не сакаа да дојдат. 4#21,36Повторно испрати други слуги и им рече: кажете им на поканетите: ‚Ете, приготвив јадење; јунците мои и сѐ што е угоено се заклани, и сѐ е готово; дојдете на свадбата!‘ 5#Лк 14,18Но тие го пренебрегнаа тоа и си отидоа: едни на нива, други по трговијата своја; 6#21,35а останатите, пак, ги фатија неговите слуги, ги исмејаа и ги убија. 7Штом чу за тоа царот, се налути, испрати своја војска и ги погуби убијците и им го запали нивниот град. 8Тогаш им рече на слугите свои: ‚Свадбата е готова, но поканетите не беа достојни. 9#Откр 19,7Затоа одете по крстопатите и колкумина ќе најдете, поканете ги на свадба!‘ 10#9,9-13; 13,38.47; Тов 9,1-2И излегоа слугите по патиштата, ги собраа сите што ги најдоа – и лоши и добри; и се наполни свадбениот дом со гости. 11Кога влезе царот да ги види гостите, забележа еден необлечен во свадбена облека. 12#26,50Па му рече: ‚Пријателе, како влезе овде, необлечен во свадбена облека?‘ А тој молчеше. 13#8,12Тогаш царот им рече на слугите: ‚Врзете му ги рацете и нозете, земете го и фрлете го во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби!‘ 14#20,16зашто, мнозина се повикани, а малкумина избрани.“
Прашања за данокот
(Мк 12,13-17; Лк 20,20-26)
15 #
16,1; Лк 11,54 Тогаш фарисеите отидоа и се советуваа како да Го фатат во некој збор. 16#5 Мојс 10,17; Дела 10,34-35И ги испраќаа кај Него своите ученици, заедно со некои Иродовци, кои Му говореа: „Учителе, знаеме дека си вистинит и навистина ги учиш луѓето на патот Божји, и не се плашиш од никого, зашто не гледаш кој е кој; 17затоа кажи ни; што мислиш: треба ли да се дава данок на царот или не?“ 18Но Исус го проѕре лукавството нивно и рече: „Што Ме искушувате, лицемери? 19Покажете Ми ја даночната пара.“ Тие Му донесоа еден денариј. 20И им рече: „Чиј е овој лик и натпис?“ 21#6,24; Рим 13,7; 1 Птр 2,17Тие одговорија: „На царот.“ Тогаш им рече: „Подајте го царевото на царот, а Божјото на Бога!“ 22#16,4; 22,33И штом го чуја тоа, тие се восхитија и откако го оставија, си отидоа.
Прашања за воскресението
(Мк 12,18-27; Лк 20,27-38)
23 #
2 Мак 7,9; Дела 4,1-2; 1 Кор 15,12 Во истиот ден пристапија кон Него и садукеите, кои велат дека нема воскресение, и Го прашаа, 24#1 Мојс 38,8; 5 Мојс 25,5говорејќи: „Учителе, Мојсеј рече: ‚Ако умре некој без деца, тогаш брат му нека ја земе жената негова и нека му подигне потомство на својот брат!‘ 25Кај нас имаше седуммина браќа; првиот се ожени и умре; па, бидејќи немаше пород, ја остави жената своја на брата си; 26исто така направи и вториот, и третиот, сѐ до седмиот; 27а по сите нив умре и жената. 28При воскресението, на кого од седуммината ќе биде таа жена, бидејќи со сите живеела?“ 29Исус им одговори и рече: „Се лажете, зашто не ги познавате Писмата, ниту силата Божја; 30#Мудр 5,5; Кол 1,12зашто при воскресението луѓето ниту се женат, ниту се мажат, туку се како ангели Божји на небото. 31А за воскресението на мртвите, не сте ли читале што ви рекол Бог, велејќи: 32#2 Мојс 3,6; 3,15-16; Дан 12,2; Дела 3,13‚Јас сум Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.‘ Бог не е Бог на мртвите, туку на живите.“ 33#7,28; Јн 7,15И народот, слушајќи го тоа, се восхитуваше на Неговата наука.
Најважната заповед
(Мк 12,28-34; Лк 10,25-28)
34Кога фарисеите слушнаа дека ги замолчи садукеите, се собраа заедно. 35#16,1И еден од нив, законик, искушувајќи Го, запраша и рече: 36„Учителе, која заповед е најголема во Законот?“ 37#5 Мојс 6,5; Ис.Н. 22,5А Исус му одговори: „‚Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум;‘ 38тоа е прва и најголема заповед; 39#5,43; 19,19; 3 Мојс 19,18; Јн 13,34-35; Рим 13,8-9; Гал 5,14; Јк 2,8а втората е слична на неа: ‚возљуби го својот ближен како себеси!‘ 40#7,12На тие две заповеди се држат целиот Закон и Пророците.“
За Давидовиот син
(Мк 12,35-37; Лк 20,41-44)
41И кога се собраа фарисеите, Исус ги праша 42и рече: „Што мислите за Христос? Чиј син е Тој?“ Му одговорија: „Давидов.“ 43#9,27Им рече: „Како тогаш Давид, преку Духот Го нарече Господ, велејќи: 44#26,64; Пс 109,1; Мк 16,19; Дела 2,33-34; Евр 1,3.13; 8,1; 10,12-13‚Му рече Господ на Мојот Господ: Седи од Мојата десна страна, додека не ги положам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои.‘ 45#1,1И така, ако Давид Го нарече Господ, како тогаш може Тој да Му е син?“ 46#Мк 12,34; Лк 20,40; Јн 21,12 И никој не можеше да Му одговори ниту збор, и од тој ден никој веќе не се осмели да Го праша.
Селектирано:
Матеј 22: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006