Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован Вовед

Вовед
Евангелието според Јован Го прикажува Господ Исус Христос како Божјо Слово (Реч, Збор), Кое стана тело и живееше меѓу луѓето. Во самото Евангелие е јасно кажана и целта поради која е напишано: за читателите да поверуваат дека Исус е ветениот Спасител, Божјиот Син, и преку вера во Него да се здобијат со вечен живот (20,23).
Евангелието започнува со претставување на Исус како Божјо Слово. Следуваат низа известувања за чудата што Исус ги правел, со кои Тој се потврдува како Божји Спасител за луѓето. Потоа се опфатени Исусовите објаснувања за значењата на извршените чуда. Во продолжение Јован ја опишува блискоста на Исус со Неговите ученици, преку повеќе случки и совети дадени во последната ноќ пред Исус да биде уапсен. Следуваат записите за Исусовото приведување, судење, распнување, воскресение и појавувањата на воскреснатиот Господ Исус Христос.
Ова Евангелие го нагласува вечниот живот што се добива преку вера во Исус Христос. Јован ги запишал бројните поуки на Исус во кои за духовните работи се зборува преку параболи, односно споредби со секојдневни нешта, како што се водата, лебот, светлината, пастирот и овците, лозата и прачките, итн.

Селектирано:

Јован Вовед: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се