Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Битие 42

42
Јаков ги испраќа своите синови во Египет
1 # Дела 7,12 Кога Јаков чу дека во Египет има жито, им рече на своите синови: „Што чекате?“ 2„Ете, слушам дека во Египет има жито; одете таму и купете ни жито, за да останеме живи и да не умреме!“ 3И десетмината браќа Јосифови отидоа во Египет да купат жито. 4А Венијамин, братот Јосифов, Јаков не го пушти со браќата негови, велејќи: „За да не го снајде по патот некоја несреќа.“ 5#12,10И дојдоа синовите Израилеви да купат жито заедно со другите што доаѓаа, бидејќи и во хананската земја владееше глад.
Средбата на Јосиф со своите браќа
6 # 41,56 А Јосиф беше управител во земјата; тој и му продаваше жито на сиот народ од таа земја. И браќата Јосифови, кога дојдоа, му се поклонија со лицето доземи. 7А Јосиф, штом ги виде браќата свои, ги позна; но се правеше како да не ги познава, и остро им проговори и рече: „Од каде сте дојдени?“ А тие одговорија: „Од хананската земја, да купиме храна.“ 8Јосиф, пак, ги позна браќата свои, но тие него не го познаа. 9#37,5-11И се сети Јосиф за соништата што ги беше сонил за нив, па им рече: „Вие сте разузнавачи. Сте дошле да ги из­видите слабите места на оваа земја!“ 10А тие му рекоа: „Не сме, господаре, туку слуги твои, што дошле да купат храна; 11сите сме синови на еден човек, чес­ни луѓе сме; слугите твои никогаш не биле разузнавачи.“ 12Тој, пак, им рече: „Не, туку сте дошле да извидите каде е слабоста на оваа земја.“ 13#37,30А тие рекоа: „Ние слугите твои, бевме дванаесет браќа, синови на еден човек во хананската земја; и, ене, најмалиот денес е со таткото наш, а едниот го нема веќе.“ 14Тогаш Јосиф им дофрли: „Ви реков јас – вие сте разузнавачи. 15Туку вака сакам да се уверам: се колнам во животот на фараонот дека вие нема да излезете одовде, ако не дојде ваму најмалиот ваш брат. 16Испратете еден од вас, и тој нека го доведе вашиот брат; а вие ќе бидете задржани овде додека не видам дали е вистина тоа што го велите; инаку сте разузнавачи, жими животот на фара­онот!“ 17И ги стави под стража за три дена. 18#Изреки 15,33А на третиот ден Јосиф им рече: „Ако сакате да останете живи, еве што ќе направите, зашто јас се плашам од Бога: 19ако сте чесни луѓе, еден брат од вас нека остане овде под стража, во домот каде што сте затворени, а вие останатите отидете и однесете жито на ва­шите изгладнети семејства. 20А потоа доведете го кај мене најмалиот ваш брат, за да се потврдат зборовите ваши. Ако ли не, ќе загине­те.“ И тие постапија така. 21#37,18-27; 4 Мојс 32,24; Изреки 21,13И си рекоа еден на друг: „Тешко нам! Ова е казната поради братот наш; не ја почувствувавме маката на душата негова, кога ни се молеше, но ние се оглушивме. Затоа и нѐ снајде ова зло.“ 22А Рувим им одговори, велејќи: „Зар не ви реков јас – не грешете против де­тето? Но вие не ме послушавте; и, еве, сега од нас се бара крвта негова.“ 23А тие не знаеја дека Јосиф ги разбира, зашто со него разговараа пре­ку преведувач. 24#43,30Тогаш Јосиф се оддели од нив и заплака.
Синовите на Јаков се враќаат во Ханан
Потоа пак се врати кај нив, и разгова­ра­­ше со нив, па земајќи го од нив Си­ме­он, го врза пред очите нивни.
25И Јосиф заповеда да им ги наполнат вреќите со жито, а парите, кој колку што дал, да им ги вратат секому во вреќата, и да им дадат храна за по пат. И така беше направено. 26Па, откако го натоварија житото на своите магариња, си заминаа оттаму. 27А еден од нив, кога ноќеваа, ја отво­ри вреќата, за да го нахрани своето ма­гаре, и ги виде парите свои одозгора во вреќата; 28и им рече на браќата свои: „Јас ги добив парите мои назад, еве ги во мојава вреќа.“ И затрепери срцето во нив. Се уплашија и си рекоа: „Зошто ни го направи Бог ова?“ 29И, откако дојдоа кај Јаков, таткото нивни, во земјата хананска, му раска­жаа за сѐ, што им се случи, велејќи: 30„Остро зборуваше со нас човекот, кој заповеда во таа земја, и постапи со нас како со разузнавачи. 31А ние му рековме дека сме чесни луѓе, и дека никогаш не сме биле разузнавачи. 32Дванаесет браќа сме, синови на нашиот татко; едниот веќе го нема, а најмалиот е денес со таткото наш, во земјата хананска. 33Но човекот што заповеда во таа земја, ни рече: ‚Вака ќе дознаам дали сте чесни луѓе. Еден од браќата нека остане овде кај мене, а вие житото земете го и одете си кај вашите гладни семејства. 34А потоа доведете го кај мене вашиот најмал брат, за да се докаже дека не сте разузнавачи, туку чесни луѓе. Тогаш братот ваш ќе ви го пуш­там, и ќе можете да тргувате во оваа земја.‘“ 35И празнејќи ги вреќите свои, за чудо, секој си го најде во вреќата своето ќесе со парите негови. Кога ги видоа ќесињата со парите нивни, тие и таткото нивни се уплашија. 36И им рече Јаков, нивниот татко: „Децата ми ги запустивте; Јосиф го нема, го нема и Симеон, па и Венијамин ли ќе ми го земете? Сето ова на мене се струпа!“ 37#43,9Тогаш проговори Рувим и му рече на таткото свој: „Двата мои сина убиј ги, ако не ти го доведам; дај го во мои раце, и јас ќе ти го вратам.“ 38#37,35; 42,4А тој рече: „Нема да појде син ми со вас, зашто брат му негов умре и тој остана сам; па, ако се случи некоја несреќа на патот по кој ќе одите, стар ќе ме турнете со тага в гроб!“

Селектирано:

Битие 42: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се