Битие 22
22
Авраам е готов да го жртвува Исак
1 #
1 Мак 2,52; Сир 44,20; Евр 11,17-19 По тие настани Бог, искушувајќи го Авраам, рече: „Аврааме!“ А тој одговори: „Еве ме!“ 2#Мих 6,7; Мт 10,37; Јк 2,21-23Бог продолжи: „Земи го синот твој единец Исак, кого што многу го сакаш, па оди во земјата Морија, и принеси го таму како жртва сепаленица на една горичка што ќе ти ја покажам!“ 3И утредента рано, откако стана, Авраам го оседла магарето свое, зеде со себе двајца од слугите свои и Исак, синот свој; па, откако нацепи дрва за жртвата, се крена, и појде на местото, за кое му рече Бог. 4На третиот ден, кревајќи ги очите свои, Авраам го здогледа местото оддалеку. 5И им рече Авраам на слугите свои: „Останете вие овде со магарето, а јас и детето ќе одиме онаму, па откога ќе се помолиме, ќе се вратиме кај вас.“ 6И зеде Авраам дрва за жртвата, му ги натовари на Исак, синот свој, а самиот тој зеде во свои раце оган и нож; па отидоа обајцата заедно. 7Тогаш му рече Исак на Авраам, таткото свој: „Татко!“ А тој одговори: „Што е, синко!“ А тој рече: „Ете оган и дрва, а каде е јагнето за жртва?“ 8А Авраам одговори: „Бог ќе си прибави, синко, јагне за жртва.“ И обајцата го продолжија патот заедно. 9#Јк 2,21И стигнаа до местото, за кое му беше рекол Бог. Тука Авраам направи жртвеник, и кладе дрва на него, а откако го врза Исак, синот свој, го стави на жртвеникот врз дрвата. 10Тогаш Авраам ја пружи раката своја и го зеде ножот да го заколе синот свој, 11но ангел Господов викна од небото, и рече: „Аврааме! Аврааме!“ А тој одговори: „Еве ме!“ 12#2 Мојс 20,20; Јн 3,16; Рим 8,32; Евр 11,17И ангелот продолжи: „Не кревај ја раката своја на детето, и не прави му ништо! Еве, сега знам дека се плашиш од Бога штом не го пожали ни синот свој единец заради Мене.“ 13И Авраам ги крена очите свои и погледа: а тоа – зад него овен, кој се беше сплеткал со роговите во гасталакот. И Авраам отиде, го зеде овенот и го принесе како жртва сепаленица место синот свој (Исак). 14И го нарече Авраам ова место: „Јахве Јерае“#22,14 Господ ќе предвиди!. Затоа и денес се вели: „На горичката Господ се јави.“ 15А ангелот Господов повторно го викна од небото Авраам, 16#Евр 6,13и рече: „Се колнам во Себе – вели Господ – кога така направи, и не го пожали синот свој единец, (заради Мене), 17#12,2; 15,5; 16,10; 32,13Јас ќе те благословам и преблагословам, и потомството твое ќе го умножам и преумножам како ѕвездите на небото и како песокот на морскиот брег! А потомците твои ќе ги завладеат градовите на непријателите свои. 18#12,3И ќе бидат благословени преку потомството твое сите народи на земјата, зашто го послуша Мојот глас.“ 19Тогаш Авраам се врати кај слугите свои, и се кренаа, па се вратија заедно во Вирсавија. И живееше Авраам во Вирсавија. 20По тие настани му јавија на Авраам: Ете, и Милка му роди синови на братот твој Нахор: 21Уц, неговиот првенец, брат му Буз, и Ќемуел, таткото на Арам, 22Хазо, Пилдаш, Идлаф и Ветуил. 23#24,15; 25,20; 28,2Од Ветуил се роди Ревека. Овие (осумте) му ги роди Милка на Нахор, братот на Авраам. 24А неговата наложница, по име Реума, ги роди овие: Тевах, Гахам, Тахаш и Мааха.
Селектирано:
Битие 22: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006