Битие 19
19
Лот се избавува од Содом
1Оние два ангела стигнаа вечерта во Содом, кога Лот седеше кај портата содомска. А кога ги виде Лот, стана да ги пресретне, и се поклони доземи. 2И рече: „Господари мои, влезете во куќата на слугата Ваш, да преноќевате, и измијте си ги нозете Свои; па утре рано, кога ќе станете, одете си по Својот пат.“ А тие рекоа: „Не, тука ќе ноќеваме, на улица.“ 3Но тој настојуваше, и Тие појдоа по него и влегоа во домот негов. И тој ги нагости, им испече погачи, и јадеа. 4#Суд 19,22-24И уште не беа легнале, а граѓаните содомски се насобраа околу куќата, стари и млади, целиот народ од сите краишта на градот. 5И го повикаа Лот и му рекоа: „Каде се луѓето, кои дојдоа да ноќеваат кај тебе? Изведи ги кај нас за да ги познаеме.“ 6Лот излезе пред нив до влезот, и ја затвори вратата зад себе. 7И им рече: „Браќа мои, немојте да правите зло! 8#3 Мојс 20,13; Рим 1,24.27Еве, имам две ќерки, кои уште не биле со маж; ќе ги изведам кај вас, па правете со нив што ви е угодно; само на овие луѓе не правете им ништо, бидејќи се дојдени под покривот на мојот дом.“ 9А тие му рекоа: „Мавни се оттука! Си дошол ваму да живееш како придојден, па, и ќе ни судиш ли? Сега со тебе ќе постапиме уште полошо отколку со нив!“ Па навалија силно на човекот, на Лот, и се доближија за да ја скршат вратата. 10Тогаш оние мажи ги протегнаа рацете свои надвор и го вовлекоа Лот кај себе, во куќата, и ја затворија вратата. 11#4 Цар 6,18А луѓето, кои беа пред куќната порта, ослепеа, од мал до голем, и не можеа да ја најдат вратата. 12Тогаш оние мажи му рекоа на Лот: „Ако имаш зетови, синови или ќерки, или кој и да било свој во овој град сите нив изведи ги од ова место! 13#2 Птр 2,6-8Зашто ние ќе го сотреме ова место, бидејќи викот против нив е голем пред Господ, па затоа нѐ испрати Господ да го уништиме.“ 14И излезе Лот, и им кажа на зетовите свои, кои требаше да се оженат за ќерките негови, и им рече: „Станете, одете си од ова место, зашто Господ ќе го сотре овој град!“ Но на зетовите негови им се причини дека се шегува. 15А кога зората зазори, навалија ангелите на Лот да побрза и му рекоа: „Стани, земи ја жената своја, и двете ќерки твои, што ги имаш, за да не загинете поради беззаконието на овој град!“ 16Но бидејќи тој се двоумеше, затоа ангелите, поради милоста Божја кон него, го фатија за рака него, жената негова, и двете ќерки негови, и ги изведоа, па ги оставија надвор од градот. 17#Мт 24,15-18А кога ги изведоа надвор, еден од нив рече: „Спасувај ја душата своја и не обѕрнувај се назад, не запирај никаде во оваа долина! Побарај спас во планината, за да не загинеш.“ 18А Лот рече: „Немој, Господи! 19Еве, слугата Твој најде милост пред Тебе, и милоста Твоја е голема што ја направи кон мене, зашто ми го спаси животот; но јас не можам да бегам во планината, бидејќи ќе ме стигне злото и ќе загинам. 20Ене, во оној град; доста е близу, да побегнам таму, а местото е мало; таму ќе побегнам и ќе останам жив, благодарејќи на Тебе.“ 21А Тој му рече: „Еве, за твое добро ќе го сторам и тоа: нема да го уништам градот, за кој ми зборуваш. 22Бегај побрзо таму, бидејќи не можам да направам ништо, додека не стигнеш онаму.“ Заради ова оној град се нарече Сигор. 23И кога сонцето изгреа над земјата, Лот пристигна во Сигор. 24#5 Мојс 29,23-24Тогаш излеа Господ врз Содом и врз Гомора дожд од сулфур и оган од небото. 25И ги сосипа оние градови и целата околина, и сите жители во тие градови, и сите растенија. 26#Мудр 10,7Но жената Лотова, одејќи по него, погледна назад и се претвори во солен столб. 27А утредента рано, откако стана, Авраам отиде на местото, каде што беше стоел пред Господ; 28#Амос 4,11; Мт 10,15; 11,23и погледна кон Содом и Гомора и на целата долина и виде: и, ете, се креваше дим од земјата како чад од силен оган. 29Но додека Бог ги уништуваше градовите во онаа област, се сети Бог на Авраам, па го изведе Лот од местото на погубувањето, кога ги сосипуваше Господ градовите, каде што живееше Лот.
Лот и неговите ќерки
30А Лот излезе од Сигор, и се настани во планината со двете ќерки свои; зашто се плашеше да живее во Сигор. И живееше во пештера со двете ќерки свои. 31А постарата ѝ рече на помладата: „Нашиот татко е стар, а нема маж во земјава за нас, како што е обичај по целата земја. 32#Авак 2,15Ајде да му дадеме на таткото наш вино, за да се опие; па да легнеме со него, за да го зачуваме потомството на нашиот татко!“ 33#3 Мојс 18,6-7И му дадоа вино на татко си во онаа ноќ; и влезе постарата и легна со таткото свој; а тој не сети ни кога легнала таа, ни кога станала. 34А утредента ѝ рече постарата на помладата: „Ете, ноќеска бев со својот татко. Да го опиеме со вино и вечерва: па влези и ти легни со него, и ќе сочуваме потомство од таткото наш!“ 35И таа ноќ му дадоа на татко си вино; и влезе помладата и спиеше со него; а тој не разбра ни кога таа легнала, ни кога станала. 36И обете ќерки Лотови зачнаа од таткото нивни. 37И постарата роди син, и го нарече Моав (велејќи: „Од татко ми е.“) Тој е прататко на Моавците до денес. 38А и помладата исто роди син, и го нарече Бен-Ами (велејќи: „Тој е син од мојот род.“) Тој е прататко на Амонците до денес.
Селектирано:
Битие 19: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006