Битие 11
11
Вавилонската кула
1 #
Мудр 10,5; Дела 2,1-11; Откр 7,9-10 По целата земја имаше еден јазик и исти зборови. 2А кога луѓето се селеле од исток, најдоа рамнина во земјата Сенаар и се населија таму. 3И си рекоа меѓу себе: „Ајде да правиме тули и на оган да ги печеме!“ И користеа тули наместо камен и земјана смола наместо вар. 4#Сир 40,19Потоа рекоа: „Ајде да си соѕидаме град и кула, висока до небото; и да се здобиеме со име, пред да се растуриме по целата земја!“ 5Тогаш Господ се спушти да го види градот и кулата, што ги ѕидаа синовите човечки. 6И рече Господ: „Ете, еден народ се и сите имаат еден јазик; ова е само почеток на нивните настојувања. Наскоро ќе прават сѐ што ќе наумат! 7Ајде да слеземе и да им го збркаме нивниот јазик за да не се разбираат еден со друг што зборуваат!“ 8И така Господ ги растури оттаму по целата земја, и престанаа да го ѕидаат градот (и кулата). 9#Ер 51,53; Јн 11,52Затоа тој се нарече Вавилон, зашто таму го збрка Господ јазикот на целата земја и оттаму ги растури Господ по целата земја.
Родословие на патријарсите од Сим до Авраам
10 #
1 Лет 1,17-27; Лк 3,34-36 Ова е родословието на Сим: Сим имаше сто години кога го роди Арфаксад, две години по потопот. 11И откако го роди Арфаксад, поживеа Сим петстотини години, раѓајќи синови и ќерки. 12А Арфаксад поживеа сто триесет и шест години и го роди Каинан. 13По раѓањето на Сала, Арфаксад живееше уште триста и триесет години, раѓајќи синови и ќерки. 14Сала поживеа сто и триесет години и го роди Евер. 15А, откако го роди Евер, Сала поживеа триста и триесет години, раѓајќи синови и ќерки. 16Евер поживеа сто триесет и четири години, и го роди Фалек. 17По раѓањето на Фалек, Евер поживеа четиристотини и седумдесет години, раѓајќи синови и ќерки. 18А Фалек поживеа сто и триесет години и го роди Рагав. 19А, откако го роди Рагав, Фалек поживеа двесте и девет години, раѓајќи синови и ќерки. 20Рагав поживеа сто триесет и две години и го роди Серух; 21а откако го роди Серух, Рагав поживеа двесте и седум години, раѓајќи синови и ќерки. 22Серух поживеа сто и триесет години и го роди Нахор. 23По раѓањето на Нахор, Серух поживеа двесте години, раѓајќи синови и ќерки. 24Нахор, пак, поживеа седумдесет и девет години и го роди Тара; 25по раѓањето на Тара, Нахор поживеа сто дваесет и девет години, раѓајќи синови и ќерки. 26Тара поживеа седумдесет години и ги роди Аврам, Нахор и Аран. 27А еве го родословието на Тара: Тара ги роди Аврам, Нахор и Аран; а Аран го роди Лот. 28Аран умре кај таткото свој Тара во родната земја, во Ур Халдејски. 29#22,20-23А Аврам и Нахор се оженија; името на жената Аврамова беше Сараја, а на жената Нахорова името ѝ беше Милка, ќерка на Аран, татко на Милка и Иска. 30#16,1; 17,17-21; 18,11-12Сараја беше неплодна и немаше пород. 31#15,7И го зеде Тара синот свој, и внукот од синот свој, Лот, син Аранов, и Сараја, снаата своја, жената на неговиот син Аврам; па излегоа заедно од Ур Халдејски за да појдат во земјата хананска; и дојдоа до Харан, каде и се населија. 32И поживеа Тара во харанската земја двесте и пет години; и умре Тара во Харан.
Селектирано:
Битие 11: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006