Второзаконие 3
3
Заземање на царството на Ог
1И се свртевме оттаму и појдовме кон Башан, и башанскиот цар Ог излезе во борба против нас со целиот свој народ, кај Едреи. 2И ми рече Господ: „Не плаши се од него, зашто Јас ќе ти го предадам во раката твоја него, и целиот народ негов, и целата земја негова; и ти ќе направиш со него така, како што направи со аморејскиот цар Сион, кој живееше во Есевон.“ 3И Господ, Бог наш, ни го предаде во рацете наши и Ог, царот башански, и целиот народ негов; и го разбивме, така што од него не остана никој жив. 4#3 Цар 4,13Тогаш му ги презедовме сите градови негови, па не остана град, што не бевме го презеле од нив: шеесет градови, целата област Аргов во царството на Ог Башански. 5Сите тие градови беа утврдени со високи ѕидови, порти и довратници, без да го сметаме големиот број села. 6#2,34И ние ги ставивме под клетва, како што направивме со Сион, царот хешбонски, уништувајќи ги сите градови заедно со мажите, жените и децата; 7а целиот добиток и пленот од градовите го разграбавме.
Поделба на Галаад
8 #
4 Мојс 21,21-32; Пс 134,11; 135,19-20 И во тоа време ја презедовме од рацете на двајцата цареви аморејски земјата од оваа страна на Јордан, од потокот Арнон па сѐ до планината Ермон; 9Сидончаните го викаат Ермон Сирјон, а Аморејците го нарекуваат Сенир. 10Сите градови во рамнината, целиот Галаад и целиот Башан до Салеха и Едреи, беа градови од царството на Ог Башански; 11зашто башанскиот цар Ог беше единствен преживеан од Рефаимците. Ете, неговиот мртовечки сандак сѐ уште може да се види во Рава, главен град на Амонците: железен одар – долг девет лакти, а широк четири лакти, машки лакти. 12#Ис.Н. 13,15-31И тогаш ја добивме во наследство таа земја, почнувајќи од Ароер, кој е кај потокот Арнон; а половината од планината Галаад со нејзините градови му ја предадов на Рувимовото и на Гадовото племе. 13Остатокот, пак, од Галаад и целиот Башан, царството на Ог, му го предадовме на половината од Манасиевото племе: целата област Аргов, со цел Башан. Таа земја се нарече Рефаимска. 14Јаир, Манасиевиот потомок, ја презеде целата област Аргов, дури до пределите Гесуриски, и Маахатски, и ги нарече тие башански места Јаирови села, според своето име, како што се викаат тие и до ден денес. 15#1 Мојс 50,23На Махир му го дадов Галаад; 16а на племето Рувимово и Гадово им дадов од Галаад дури до потокот Арнон, земјата меѓу потокот и пределот до потокот Јавок, граница на Амоновите потомци; 17#3,27; 4 Мојс 21,20западната, пак, граница оди по долината на Јордан, помеѓу Генисаретското Езеро и Мртвото Море, до источното подножје на Фазга. 18Тогаш и ви заповедав, велејќи: „Господ, Бог ваш, ви ја даде таа земја во владение; сите способни за војна, откако ќе се вооружите, појдете пред браќата ваши, синовите на Израил; 19само жените ваши, децата ваши и добитокот ваш, (а знам дека имате многу добиток) нека останат во градовите ваши, што ви ги дадов, 20додека Господ Бог не им даде спокојство на вашите браќа, како и вам, и додека тие не ја наследат таа земја, која Господ, Бог ваш, им ја дава од онаа страна на Јордан; тогаш вратете се секој во своето наследство, што ви го дадов.“ 21#1,38; 29,3А на Исус му заповедав во она време, велејќи: „Очите твои видоа сѐ, што Господ, Бог ваш, им направи на тие двајца цареви; исто ќе направи Господ и со сите царства, преку кои ќе минуваш. 22Не плашете се од нив, зашто Господ, Бог наш, Сам се бори за нас.“
Мојсеј нема да влезе во Ханан
23 #
31,1-8; 4 Мојс 27,12-23 И Му се помолив на Господ во она време, велејќи: 24„Господи, Боже, Ти почна да го покажуваш на слугата Свој величието Свое и (силата Своја и цврстата рака Своја и високата мишка Своја); па има ли некој бог на небото или на земјата, кој би можел да прави такви дела, како Твоите, и со таква моќ, каква што е Твојата? 25Дај ми да минам и да ја видам онаа прекрасна земја преку Јордан, тие убави планински предели и Ливан.“ 26#1,37Но Господ ме презре заради вас и не ме послуша, и ми рече Господ: „Доста, во иднина да не ми говориш повеќе за тоа; 27#4,49; 34,1искачи се на врвот од Фазга и крени ги очите кон морето и кон север, кон југ и кон исток; погледни со очите, зашто нема да го минеш Јордан; 28#1,38дај му совет на Исус, поткрепи го и охрабри го; зашто тој ќе го предводи овој народ и тој ќе им го раздели наследството во таа земја, на која ти ќе погледнеш.“ 29#4,46; 34,6И останавме во долината спроти Бет-Пеор.
Селектирано:
Второзаконие 3: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006