Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Второзаконие 16

16
Празникот Пасха
1 # 3 Мојс 23,1-44; 4 Мојс 28,16-31; 29,1-39 Внимавај на месецот авив, за да ја празнуваш Пасхата на Господ, твојот Бог, зашто во тој месец си излегол од Египет, ноќе. 2И коли Пасха на Господ, твојот Бог, од ситниот и од крупниот твој добиток, на местото, што ќе го одбере Господ, за да се прославува името Негово таму. 3#Лк 22,19Не јади со неа леб со квас: седум де­на јади со неа бескавасни лебови, лебо­ви на бедата, бидејќи набрзина излеговте од Египет, за да го помните денот на вашиот излез од египетската земја во сите години на својот живот; 4ништо со квас да нема кај тебе во сите твои предели во текот на седумте дена, и од месото, што си го принел ка­ко жртва вечерта на првиот ден, ништо не смее да остане до утрината. 5Не смееш да колеш Пасха ни во еден од градовите твои, што Господ, твојот Бог ќе ти ги даде: 6#Лк 2,41туку само на она место, што ќе го одбере Господ, твојот Бог, за пребива­лиште на името Негово, таму коли Пас­ха навечер, при зајдисонце, во она исто време, во кое си излегол од египетската земја; 7па испечи и јади на она место што ќе го одбере Господ, твојот Бог, а на вториот ден можеш да се вратиш во домот твој. 8#5,14Шест дена јади бесквасни лебови, а седмиот ден е последен ден од празни­кот на Господ, твојот Бог; не врши во тој ден никаква работа.
Празникот Педесетница
9Изброј седум седмици; почни да ги броиш седумте седмици, откога ќе го ставиш српот на жетвата; 10тогаш празнувај го празникот Педе­сетница во чест на Господ, твојот Бог, според она колку што може да даде раката твоја, во зависност од тоа со што те благословил Господ, твојот Бог; 11и развесели се пред Господ, твојот Бог, ти, синот твој и ќерката твоја, ро­бот твој и робинката твоја, левитот кој е во градовите твои, и дојденецот, си­ра­кот и вдовицата, што се кај тебе, на она место, што ќе го одбере Господ, твојот Бог, за пребивалиште на името Негово; 12#5,15помни дека ти беше роб во египетската земја, и пази ги и исполнувај ги овие наредби.
Празникот Сеници
13Седум дена празнувај го празникот Сеници, откако ќе ги прибереш плодо­вите од нивите твои и виното од пресите твои. 14Па развесели се ти на празникот твој, синот твој и ќерката твоја, робот твој и робинката твоја, левитот и дојденецот, сиракот и вдовицата, кои се во градовите твои; 15седум дена прославувај Го Господа, твојот Бог, на она место, што ќе го одбере Господ, твојот Бог (за да се при­зива таму името Негово), бидејќи ќе те благословува Господ, твојот Бог, во сите плодови твои и во секоја работа на рацете твои и ти само ќе се веселиш. 16Трипати во годината секое машко треба да се јавува пред Господ, твојот Бог, на местото, што ќе го одбере Тој: на празникот Бесквасници, на празни­кот Педесетница и на празникот Сени­ци; и никој не смее да се јавува пред Господ со празни раце, 17но секој со дар во раката, според благословот од Господ, твојот Бог, што Тој ти го дал.
Наредба во врска со судството
18 # 1,9-18 Во сите твои градови, кои Господ, твојот Бог, ќе ти ги даде, постави си судии и надзорници според племињата свои, за да му судат на народот со пра­веден суд; 19#24,17; 25,1; 2 Мојс 23,1-3; 23,6-8; Изреки 17,23не искривувај го законот, не гледај на лице и не земај дарови, бидејќи пода­роците ги заслепуваат очите на мудрите и ги изопачуваат зборовите на праведните; 20правдата и само правдата барај ја, за да бидеш жив и да отидеш да ја нас­ледиш земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава.
Забранети религиозни обичаи
21Не посадувај шумичка од какви и да е дрвја покрај жртвеникот на Господ, твојот Бог, што ќе го подигнеш; 22и не подигнувај статуа во твоите места, бидејќи тоа го мрази Господ, твојот Бог.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се