3 Јован Вовед
Вовед
Ова послание, исто така напишано од „старешината“, односно „свештеникот“ (ст. 1; 2 Јн 1), е упатено до некој си Гај. Ние ништо не знаме за овој човек, освен дека тој останал верен на вистината. Неговиот став е спротивен на Диотрефовиот, влијателен член на заедницата кој го клевети „старешината“ и му го откажува гостопримството.
Писателот го пофалува Гај поради неговата верност и неговите услуги што им ги направил на христијаните (ст. 1–8).
Ќе се забележи, судејќи според ова послание, дека гостопримството, дочекот резервиран за браќата, е форма на љубов и на верност кон вистината.
Селектирано:
3 Јован Вовед: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006