Лого на YouVersion
Икона за пребарување

3 Ездра 16

16
Бог знае сѐ
1 # 15,46; 15,12 Тешко тебе, Вавилоне и Асијо, тешко ти Египте и Сиријо! 2#2 Цар 3,31; Откр 6,12Препашете се со вреќиште и власе­ница, оплакувајте ги вашите синови и таже­те, зашто се приближи денот на ва­шата погибел. 3Врз вас е испратен меч, кој ќе го от­клони? 4#16,9.15Врз вас е испратен оган, кој ќе го угасне? 5Врз вас се пратени зла, кој ќе ги от­страни? 6#Ис 31,4; Ер 5,6; 3 Езд 15,61Ќе отера ли некој гладен лав во го­рата, ќе згасне ли за миг оган во слама, што почнал да гори? 7#Зах 9,14Ќе отфрли ли некој стрела, што е пуштена од силен стрелец! 8Силниот Господ ги испраќа бедните и кој ќе ги отстрани? 9#15,23Од неговиот гнев оган излегува, кој ќе го угасне? 10#2 Цар 22,14.15Тој со молскавица ќе болсне, кој не­ма да се уплаши ќе загрми ли и кој нема да затрепери? 11Господ ќе се закани, кој нема да се уплаши од Неговото лице? 12#2 Цар 22,8; Ез 38,20; Ис 2,10.19.21Се затресе земјата, и нејзините ос­нови; морето се возбранува од своето дно; вознемирени се и брановите и ри­би­те – од лицето на Господ и од големи­ната на Неговата сила. 13#Пс 44,5; Мудр 5,21Зашто десницата Негова е силна, која го затегнува лакот и остри се стрелите Негови што ги испушта; нема да ослабнат кога се испуштени дури до краиштата на земјата. 14ете, зла се испраќаат, и нема да се вратат сѐ додека не дојдат на земјата. 15#15,23Пламнува оган, и нема да се из­гас­не, сѐ додека не ги изгори основите на земјата. 16#Зах 9,14Како стрела, исфрлена од силен стрелец, што не се враќа, така не ќе се вратат ни маките, што ќе бидат ис­пра­тени на земјата. 17Тешко мене, горко мене! Кој ќе ме избави во оние дни? 18#Мт 24,8; Мк 13,8Ќе почнат болести, и многумина ќе офкаат; ќе настане глад, и многумина ќе умираат; ќе започнат војни, и страв ќе ги опфати властите; ќе почнат не­волјите и сите ќе се растреперат. 19#Рим 2,9; 8,35; Авак 1,12; Јудита 8,27; 2 Мак 6,12Што ќе правам кога ќе наидат не­волјите? 20ете, гладот и раната, тагата и из­ма­чувањата се испратени како бичеви за поправка. 21#1 Сол 5,3Но и покрај сето тоа, луѓето нема да се одвратат од своите беззаконија и за бичевите нема секогаш да си спомнуваат. 22Ете, на земјата ќе настане изобилство на сѐ, и ќе помислат дека настанал мир, но токму тогаш тешкотии ќе ја постигнат земјата: меч, глад и голема бр­котија. 23#4 Цар 9,37Од глад ќе загинат големо мно­же­ство жители на земјата, а оние што ќе преживеат од глад, ќе загинат од меч. 24Труповите ќе бидат исфрлани како ѓубре; не ќе има кој да ги оплакува, зашто земјата ќе запусти и градовите нејзини ќе бидат разурнати. 25Нема да остане кој да ја обработува и засејува земјата. 26#Ис 16,10Дрвјата ќе раѓаат овошје, но кој ќе го бере? 27Грозјето ќе узрее, но кој ќе го гме­чи? Зашто насекаде ќе биде голема опустошеност. 28#Амос 5,3; Ис 2,21Тешко ќе може човек да чуе друг човек, да го чуе неговиот глас, 29#Ис 17,6; 24,13; Авд 5зашто од жителите на градот нема да останат повеќе од десет души, а во селото двајца, оние што се сокриле во густи шуми или во процепи од карпи. 30Како што во маслиновата градина некојпат оставаат на дрвјата три – чети­ри маслинки, 31или како што во обрано лозје, оние што берат внимателно, ќе согледаат не­колку несобрани грозда, 32#Ис 7,23така во оние дни ќе останат двајца или тројца, кога ќе ги претресуваат нивните куќи со меч. 33#Пс 77,63; Ер 7,34; Откр 18,23Земјата ќе запусти; нивите нејзини во плевел ќе обраснат, патиштата и си­те нејзини патеки ќе обраснат со трња, зашто не ќе има кој да оди по нив. 34Моми ќе плачат, зашто не ќе имаат свршеници; жени ќе плачат зашто нема да имаат мажи; нивните ќерки ќе пла­чат, бидејќи не ќе има кој да им помага. 35Свршениците нивни ќе бидат убие­ни во војна, а мажите нивни ќе загинат од глад.
Божјиот народ треба да е подготвен за крајот
36Слуги на Господ, слушајте го ова и вразумувајте се! 37Ова е словото на Господ, примете го и не верувајте им на боговите, за кои ви рече Господ. 38#Ис 13,8; Ер 50,43; Ер 6,24; Јн 16,21; 1 Сол 5,3Еве, маките се приближија и нема да задоцнат. 39Како што бремената жена, кога на деветтиот месец ќе ѝ дојде времето да роди син, два или три часа до раѓањето нејзината утроба ја обземаат болки, а откако младенецот излезе од утробата, болките не продолжуваат ни еден миг потоа, 40#7,57; 8,39така и неволјите нема да задоцнат, за да дојдат на земјата; луѓето од тоа време ќе заофкаат; ќе ги обземат болки. 41#1 Кор 7,29-31Слушај ги овие зборови, народе мој; приготвувајте се за војна и среде невол­ји – бидете како туѓинци на земјата. 42#Ез 27,9Оној што продава, нека биде како да се приготвува да бега, а оној што ку­пува како оној што се приготвува за смрт; 43трговецот – како да не очекува ни­каква придобивка, а оној што гради ку­ќа – како да не се надева да живее во неа. 44Сејачот нека мисли – дека нема да жнее, а лозарот – дека нема да бере гроз­је. 45Оние што се женат и што се мажат – дека нема да раѓаат деца, а оние што не се женат – дека ќе бидат како вдовци. 46#5 Мојс 28,30; Амос 5,11Затоа, сите што се трудат, залудо се трудат. 47Зашто од плодовите на нивниот труд туѓинци ќе се ползуваат, нивниот имот ќе го разграбаат, куќите нивни ќе ги урнат и синовите нивни ќе ги заробат, бидејќи тие ќе ги раѓаат своите де­ца во ропство и во глад. 48Оние што се занимаваат со грабеж, колку подолго време ги украсуваат сво­ите градови и своите куќи, своите имо­ти и своите лица, 49толку повеќе ќе ги намразам заради нивните гревови, вели Господ. 50#15,54Како блудница што мрази честита и високо морална жена, 51така и правдата ќе ја намрази не­правдата, која се украсува и ќе ја обвини право в лице, кога ќе дојде Оној, Кој ќе го брани гонителот за секој грев на земјата. 52#Евр 10,37Затоа не угледувајте се на неправдата и на нејзините дела, 53#Ер 2,35; 1 Јн 1,8; Пс 139,10; Изреки 25,22зашто уште малку и неправдата ќе биде исфрлена од земјата, а правдата ќе се зацари над вас. 54#Пс 93,11; Пс 138,1-3; 1 Цар 16,7Грешникот да не вели дека тој не згрешил, зашто распалени јаглења ќе пламнат на главата на оној што говори: „Јас не сум згрешил пред Господ Бог и слава Му!“ 55#Пс 147,5; 1 Мојс 1,1Господ ги знае сите дела на луѓето и нивните замисли, помислите на нив­ното срце. 56#Пс 146,4Тој рече: „Нека биде земја“, и земја се појави, и „Нека биде небо“ и стана. 57#Ис 40,12Преку Неговиот збор ѕвездите се создадени; Тој го знае нивниот број. 58#Јов 38,8; Пс 103,9; Пс 23,2Тој ги гледа бездните и она што е сокриено во нив; го измерил морето и она што е во него. 59#Јов 9,8Преку Својот збор Тој го затвори морето и земјата ја постави да лебди над водите. 60#Пс 106,35Тој го рашири небото како шатор, го основа врз води. 61#1 Мојс 2,7Тој создаде во пустините водни из­вори и езера – на горските височини, за да течат реките од високи карпи, та да ја напојуваат земјата. 62Тој го создаде човекот и срцето му го стави среде неговото тело; во него вложи дух, живот и разум, 63#1 Цар 16,7; Изреки 28,13и дишењето е од Сесилниот Бог, Кој создал сѐ и гледа сѐ што е сокриено во земните скривалишта. 64Тој ја знае вашата намера, знае што мислите во вашите срца, кога грешите и сакате да ги сокриете вашите гревови. 65#1 Кор 4,5; Ер 2,19Затоа Господ сосема јасно ги гледа сите ваши дела и сите ќе ве изобличи; 66#Мт 25,31; Лк 12,8.9; Откр 3,5ќе бидете посрамени кога вашите гревови ќе бидат откриени пред луѓето; вашите беззаконија ќе застанат како обвинители во оној ден. 67#16,74Што ќе направите и како ќе ги со­криете вашите гревови пред Бога и пред Неговите ангели? 68#2 Мак 6,7; Дела 15,29; 1 Кор 8,10; 10,20; Откр 2,14.20Ете, Бог е Судија, од Него плашете се; оставете ги вашите гревови и засекогаш престанете да вршите беззаконија, и Бог ќе ве изведе и ќе ве избави од се­која мака. 69Зашто, ете, против вас ќе се разгори јароста на многубројните војски, и ќе се фатат неколкумина од вас и ќе ве заколат за жртвен принос на идолите. 70Оние, што ќе бидат нивни едномисленици, ќе ги изложат на подбив, на бесчестие и на понижување. 71Бидејќи во сите места и во соседни­те градови многумина ќе станат против оние што имаат страв од Господ; 72ќе бидат избезумени, ќе разграбува­ат не штедејќи никого и ќе опустошува­ат сѐ што има кај оние кои се плашат од Господ; 73#Изреки 17,3; Мудр 3,6; Сир 2,5; 1 Птр 1,7ќе го опустошат и ќе го разграбат нивниот имот и ќе ги изгонат од нивни­те домови. 74#16,67Тогаш ќе настане искушение за Моите избраници, како злато што се проверува преку оган. 75#Пс 47,14Слушајте возљубени Мои, Господ говори: ете, пред вас стојат денови на жалост, а од нив Јас ќе ве избавам. 76#Пс 37,4Не плашете се и не сомневајте се, зашто Бог е вашиот водач. 77#Изреки 22,5; Ос 2,6Ако ги исполнувате Моите заповеди и повелби, вели Господ Бог, вашите гревови нема да бидат товар, под кој ќе бидете притиснати и беззаконијата ва­ши нема да ве победат. 78#Евр 6,8Тешко им на оние, кои се врзани со своите гревови и покриени со своите беззаконија! 79Тоа е нива обрасната со грмушки, низ која патот е покриен со трња, така што не може човек да помине; таа се напушта и му се предава на огнот да ја исчисти.

Селектирано:

3 Ездра 16: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се