Лого на YouVersion
Икона за пребарување

3 Ездра 14

14
По вдахновение на Светиот Дух Ездра напишал деведесет и четири книги
1 # 13,56 По три дена седев под дабот и, ете, од капината, што беше спроти мене, излезе глас и рече: „Ездра, Ез­дра!“ 2#6,17Јас реков: „Еве ме, Господи“, и се исправив на своите нозе. 3#2 Мојс 3,2-8Тогаш Тој ми рече: „Во капина Јас му се открив на Мојсеј и му говорев то­гаш кога Мојот народ беше роб во Еги­пет; 4#2 Мојс 24,18го испратив и го изведов народот Свој од Египет, го доведов на гората Синај и го држев при себе многу дни; 5тогаш му открив многу чудеса и му ги покажав тајните на времињата и крајот, му заповедав и му реков: 6‚Овие зборови, објави ги, а другите – сокриј ги‘. 7А сега ти велам тебе: 8‚Знаците што ти ги покажав, и со­новите што ги виде и толкувањата што ги слушна, стави ги во своето срце, 9#7,28; 8,19.62; 13,32.37.52зашто ти ќе бидеш земен меѓу луѓе­то и ќе општиш со Мојот Син и со оние што се слични на тебе – додека се свр­шат времињата. 10#4,26; 6,20; Пс 101,26Зашто векот ја изгуби својата младост и времињата се приближуваат кон старост, 11#4,50оти векот е разделен на дванаесет делови, а десетте делови и половината од десеттиот дел веќе изминале, 12и остана само она што доаѓа по по­ловината по десеттиот дел. 13#4 Цар 20,1; 14,20И така, сега уреди ја твојата куќа и вразуми го својот народ, утеши ги по­ни­зените и откажи се од она што гние, 14#Евр 12,1; 2 Кор 5,4смртните помисли отстрани ги од себеси, отфрли ги човечките тешкотии, симни ги од себеси слабостите на при­родата и остави ги настрана тешките за тебе помисли – и подготвувај се да се преселиш од тие времиња. 15Зашто подоцна ќе настанат поголеми неволји, отколку што си ги видел до­сега. 16#Мт 24,8; Мк 13,8Колку светот слабее од старост, толку повеќе ќе се намножува злото за живите; 17уште повеќе ќе се оддалечи вистината, и ќе се приближи лагата. Веќе бр­за да се исполни видението што го има­ше.‘“ 18#5,1; 11,1Тогаш јас одговорив и реков: „Еве, јас сум пред Тебе, Господи; 19ќе отидам, како Ти што ми заповеда, и ќе го вразумам сегашниот народ. Но кој ќе ги научи оние што подоцна ќе се родат? 20#14,13Зашто светот лежи во темнина, и оние што се во него се без светлина; 21#10,22Твојот закон е изгорен, никој не знае што си направил Ти, нити знаат што треба да прават тие. 22#4,44; Мудр 9,17; 2 Птр 1,21Но ако сум придобил милост пред Тебе, испрати ми Го Светиот Дух, за да напишам сѐ што било направено во светот од почетокот, она што било за­пи­ша­но во Твојот закон, та луѓето да можат да го најдат патот, и оние, што ќе поса­каат да живеат во последните времиња, да можат да живеат.“ 23#14,36.44.45; 2 Мојс 24,18Тој ми одговори и ми рече: „Отиди, свикај го народот и кажи му да не те ба­ра во текот на четириесет дена. 24#1 Езд 7,6а ти приготви повеќе штички за пи­шување и земи ги со себеси Сарија, Дав­рија, Салемија, Екана и Асиела, тие петмина вешти брзописци, 25#Пс 118,105; Изреки 6,23; 20,27па дојди овде. Јас ќе го запалам во твоето срце светилото на разумот, кое нема да изгасне сѐ додека не се сврши она што ќе почнеш да го пишуваш. 26#12,38Кога ќе го свршиш тоа, едно објави, а другото – тајно предај им го на муд­ри­те. Утре во овој час ќе почнеш да пишу­ваш.“ 27Тогаш отидов како што ми заповеда Тој, го свикав сиот народ и му реков: 28#5 Мојс 5,1; 6,4; 9,1; 20,3„Израиле, слушај ги овие зборови: 29#2 Мојс 22,21; 1 Мојс 47,4нашите татковци беа туѓинци во Египет, но беа оттаму ослободени, 30#9,32; Дела 7,53го примија законот на животот, кој не го запазија, кој и вие по нив не го за­пазивте. 31На вас ви беше дадена земја во наследство и земјата Сион, но вашите татковци и вие вршевте беззаконија и не одевте по патот што ви го заповеда Севишниот, 32#Пс 7,11; 2 Мак 12,6.41; Дан 9,14а Тој, како праведен судија, сега ви го одзеде она што ви беше дарувал. 33Сега вие сте овде и вашите браќа се меѓу вас. 34Ако раководите со вашето чувство, и го поучувате вашето срце, ќе го за­па­зи­те вашиот живот и по смртта ќе добиете милост. 35#Евр 9,27; Мудр 5,15; Дан 12,1.2; Проп 12,14; 1 Кор 4,5Зашто по смртта ќе настане суд, ко­га ќе оживееме; тогаш ќе бидат објаве­ни имињата на праведниците и делата на грешниците ќе бидат покажани. 36#14,23Сега никој да не доаѓа при мене и да не ме бара додека не изминат четирие­сет дена.“ 37#14,24Јас ги зедов со себеси петмината мажи, како што ми заповеда Тој; оти­дов­ме во полето и останавме таму. 38#Ез 2,8; 3,1.2И ете, во вториот ден извика глас кон мене: „Ездра, отвори ја устата и ис­пиј го она, со што ќе те напојам.“ 39Ја отворив устата и, ете, ми беше подадена полна чаша, наполнета како со вода, но бојата на тоа што беше во чашата прилегаше на оган. 40Тогаш зедов и се напив; а кога пиев, во срцето ми бликна разум, а во моите гради растеше мудроста, зашто духот мој беше поткрепуван од мојот ум; 41#10,28; Ез 24,27устата моја беше отворена и веќе не се затвори. 42#14,24Севишниот им даде разум на петми­ната мажи; тие пишуваа ноќе според она што им се кажуваше, а што тие не го знаеја. 43Тие јадеа леб ноќе, а јас говорев де­ње, а и ноќе не молчев. 44#14,23.36Во четириесетте денови беа на­пи­шани деведесет и четири книги. 45#14,23.36А кога изминаа четириесетте дена, 46Севишниот рече: „Првите книги, што ги напиша ти, изложи ги отворено, за да ги читаат и достојни и недостојни, 47#Варух 3,12; Сир 24,30.31но последните седумдесет книги за­пази ги, за да им ги предадеш на муд­ри­те меѓу народот, 48зашто во нив е проводникот на ра­зумот, изворот на мудроста и реката на знаењето.“ Така и направив.

Селектирано:

3 Ездра 14: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се