3 Ездра 12
12
Повторно видение и толкување на видението
1Кога лавот му ги говореше овие зборови на орелот, јас видов, 2#11,24.35; 12,30дека главата веќе не се јавуваше, зашто останаа заедно со четирите крилја, кои беа преминале кон неа и се издигаа, за да царуваат, но нивното царување беше слабо и полно со расправии. 3Видов и, ете, тие исчезнаа, и целото тело на орелот изгоруваше; ужас ја опфати земјата, а јас во беспокој, избезуменост и голем страв се разбудив и му велев на својот дух: 4#4,2; 5,34„Ете, ти ми го причини ова преку твоето истражување на патиштата на Севишниот. 5#5,14Ете, срцето мое уште трепери и духот мој многу ослабна, и во мене не остана сила од големиот страв што ме порази таа ноќ. 6Но ќе Му се помолам на Севишниот, да ме поткрепи до крај.“ 7#4,38.44; 10,57И реков: „Владико Господи, ако сум придобил благодат пред твоите очи, ако си ме нашол поправичен од мнозина, и ако мојата молитва навистина достигнала до Твоето лице, 8поткрепи ме и покажи ми го мене, на Твојот слуга, значењето на ова страшно видение, та душата моја наполно да се успокои; 9#7,44зашто Ти ме сметаше за достоен да ми ги покажеш последните времиња.“ А Тој ми рече: 10„Значењето на тоа видение е вакво: 11#11,1.40; Дан 7,7орелот што го виде да се издигнува од морето, е царството, кое му беше покажано во видение на Даниил, твојот брат; 12но нему не му беше објаснето она, што сега тебе ќе ти го објаснам. 13Ете, доаѓаат денови, кога на земјата ќе настане царство, пострашно од сите царства што биле пред него. 14Во него ќе царуваат – еден по друг – дванаесет цареви. 15#11,17вториот од нив ќе почне да царува и ќе царува повеќе отколку сите други дванаесетмина. 16#11,1Тоа е значењето на дванаесетте крилја, што ги виде. 17#11,10А што слушна глас што говори, кој не излегуваше од главите на орелот, туку од средината на неговото тело, 18тоа значи дека во времето на тоа царство ќе произлезат не мали расправии и царството ќе биде изложено на опасност да пропадне, но тоа тогаш нема да пропадне, туку ќе се состават во својата првобитна состојба. 19#11,3.11А тоа што виде осум мали поткрилни перја, соединети со крилјата, тоа значи, 20дека во царството ќе се издигнат осум цареви, чии времиња ќе бидат лесни и годините брзи и дека двајца од нив ќе загинат. 21#11,22.24А кога ќе почне да наближува средното време, четворица ќе се запазат од она време кога ќе биде близу крајот, а двајца ќе се запазат до крајот. 22#11,1.4А тоа што виде три глави што мируваат, тоа значи, 23#8,50дека во последните дни на царството Севишниот ќе издигне три царства и ќе им потчини многу други; тие ќе владеат над земјата и над нејзините жители, и тоа 24#11,32.40со поголеми измачувања, отколку сите други, што беа пред нив; затоа тие се наречени глави на орелот, 25зашто тие ќе ги завршат неговите беззаконија и ќе му стават крај. 26#11,33А тоа што виде дека големата глава веќе не се јавува, тоа значи дека еден од царевите ќе умре на својата постела, и тоа во маки, 27а другите двајца меч ќе ги проголта: 28#11,35мечот на едниот ќе го проголта оној што е со него, но и тој по извесно време од меч ќе умре. 29#11,24; 12,21И откако виде дека двете поткрилни перја преминаа кон главата, што беше на десната страна, 30#12,2тоа се оние кои Севишниот ги запазил до крајот на царството, односно царство сиромашно и преполно со жалост. 31#11,37-46Лавот што го виде да излегува од гората со рикање, да говори со орелот и да го изобличува за неговите неправди со сите негови зборови што ги слушна, 32#7,29; 13,37тоа е Помазаникот, запазен до Севишниот до крајот против нив и против нивните беззаконија, Кој ќе ги изобличи и ќе им ги покаже нивните притеснувања. 33Тој ќе ги изведе пред суд на живите и, откако ќе ги изобличи, ќе ги казни. 34#9,8; 13,48; 7,33По својата милосрдност, Тој ќе го избави остатокот на Мојот народ, оние што се запазиле во Моите предели, и ќе ги зарадува додека настане крајот – судниот ден, за кој ти бев кажал од почетокот. 35Таков е сонот што го виде и такво е неговото значење. 36#7,44Само ти беше достоен да ја дознаеш оваа тајна на Севишниот. 37#Откр 1,19Сето ова што го виде, напиши го во книга, а книгата остави ја на скришно место; 38#14,26за ова научи ги мудрите од народот, чии срца ќе ги најдеш способни да ги прифатат и да ги пазат овие тајни. 39#12,51; 9,23А ти остани овде уште седум дена, за да ти биде покажано она што ќе Му биде угодно на Севишниот да ти каже.“
Народот доаѓа кај Ездра
40 #
5,16-19
Откако изминаа седумте дена и сиот народ беше слушнал дека не сум се вратил во градот, се собраа сите од мало до големо, и, откако дојдоа при мене, ми рекоа: 41„Со што згрешивме против тебе и со што те навредивме, та нѐ остави и седиш на ова место? 42#1,1; Ис 24,13; Мих 7,1; 2 Птр 1,19; Пс 106,30Од сиот народ само ти ни остана како грозд од лоза, како светлина на темно место, како пристаниште за избавување на кораб. 43Зар се малку неволјите што нѐ снајдоа? 44#2 Мојс 14,12; Неем 1,3; 2,3.13.17Подобро ќе беше за нас да бевме изгореле тогаш кога гореше Сион, 45#3 Цар 19,4зашто не сме подобри од оние што таму изумреа,“ и плачеа тие со висок глас, а јас им одговорив и реков: 46„Израиле, надевај се и не тагувај, доме Јаковов, 47зашто Севишниот си спомнува за вас и Силниот не ве заборавил во вашите неволји. 48#3,2; 10,21Ни јас не сум ве оставил, не сум отишол од вас, но дојдов на ова место, за да се помолам за разурнатиот Сион и да просам милост за вашата понижена светиња. 49Сега секој од вас нека си појде дома и јас ќе се вратам при вас по тие дни.“ 50Народот си отиде во градот, како што му реков.
ШЕСТО ВИДЕНИЕ
51 #
9,24; 12,39 Јас останав во полето, како што ми беше заповедано и во сите тие дни се хранев само со полски цвеќиња, и тревата ми беше храна.
Селектирано:
3 Ездра 12: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006