3 Ездра 10
10
Севишниот преку видение на пророкот му открива многу тајни
1„Но кога синот мој влезе во брачната одаја, тој падна и умре. 2#Јов 2,11; Јн 11,19Ги превртивме сите ние светилниците, сите мои сограѓани почнаа да ме утешуваат, а јас почивав до ноќта идниот ден. 3А кога сите престанаа да ме утешуваат за да ме остават на мир, јас станав ноќта, побегнав и дојдов, како што гледаш во ова поле. 4Мислам веќе да не се враќам во градот, туку да останам овде; да не јадам, да не пијам, туку непрестајно да плачам и да постам, сѐ додека не умрам.“ 5#9,39Откако ги оставив моите размислувања, со кои бев зафатен, со гнев ѝ одговорив и реков: 6„О, најбезумна од сите жени! Не ја гледаш ли нашата жалост и ова што ни стана, 7#Гал 4,26дека Сион, нашата мајка, прекумерно тагува, дека е крајно понижена и дека горко плаче? 8И сега, кога сме сите натажени и кога жалиме, зар ти ќе жалиш само за твојот син? 9#7,54; 8,2; 5,48Прашај ја земјата, и таа ќе ти одговори дека токму таа треба да го оплакува паѓањето на толку многу нејзини рожби, 10#Мудр 7,1; 9,15зашто сите што се родени од неа уште од почетокот, и други што ќе дојдат, речиси сите загинуваат и толкумина од нив биваат предавани на истребување. 11И така, кој треба повеќе да жали, ако не онаа што загубила толку големо мноштво, а не ти, која жалиш само за еден? 12#1 Мојс 3,16; Јн 16,21Ако ми кажеш дека мојот плач не прилега на плачот на земјата, зашто јас го изгубив плодот на мојата утроба, што сум го носела со тага и што сум го родила со болки, 13а земјата загубува според своето својство – а сегашното мноштво на неа, како што си оди, така и доаѓа. 14#1 Мојс 3,16; Јн 16,21Но јас ќе ти кажам дека, како ти што си родила со мака, исто така, и земјата му го дава својот плод на човекот, кој ја обработува од почетокот. 15Затоа, воздржи се сега од твојата жалост и храбро поднеси ја загубата што те постигнала. 16#1 Цар 3,18; Ис 39,8Зашто, ако признаеш дека Божјата одлука е праведна, кога ќе дојде времето, ќе го добиеш сина си, и ќе бидеш прославена меѓу жените, 17и така, врати се во градот при својот маж.“ 18Но таа рече: „Нема да направам така, нема да се вратам во градот, туку овде ќе умрам.“ 19Продолжувајќи да говорам со неа, јас ѝ реков: 20„Не прави го тоа, туку послушај го мојот совет. Зашто колку ли се неволјите на Сион? Утеши се поради жалоста на Ерусалим. 21#2 Лет 36,19; Плач 2,7; 3 Езд 12,48Оти гледаш дека нашето светилиште е запустено, дека олтарот наш е урнат и храмот е разрушен; 22#Ис 24,8; 1 Мак 1,21; Плач 5,11; Плач 5,13псалтирот наш е понижен, песните молкнаа, радоста исчезна, светлината на светилникот изгасна, ковчегот на нашиот завет е разграбен. Светињата наша е осквернета, а името што ни е дадено – речиси е поругано, нашите деца претрпеа срам, свештениците наши се избиени, левитите наши – во плен се одведени, девојките наши се обесчестени, жените наши претрпеа насилство, праведниците наши се одвлечени, децата ни загинаа, младичите наши се во ропство, а јунаците наши изнемогнаа; 23#Ер 22,24; Агеј 2,23; Пс 43,10; 105,41а она што е најтешко, знамето на Сион ја загуби својата слава, зашто им е предадено во рацете на оние што нѐ мразат. 24Затоа остави ја твојата голема тага, одложи ги твоите многу жалости, за да се смилува Севишниот над тебе; Севишниот ќе те успокои и маките ќе ти ги олесни.“ 25Кога ѝ ги упатив тие зборови, погледот нејзин одеднаш светна и, ете, изгледот нејзин стана болскав, така што јас се исплашив од неа, и помислив што треба да значи тоа. 26И одеднаш извика толку страшно, така што од тоа нејзино викање земјата се заниша. 27#10,42; Откр 21,10.14И јас видов: ете, жената веќе не ми се јавуваше, туку се градеше град; неговото место се обележуваше на широки основи и јас, исплашен, високо извикав и реков: 28#4,1„Каде е ангелот Уриил, кој во почетокот доаѓаше при мене? Зошто тој ме доведе до ваква избезуменост, во која целта на мојот стремеж се загуби и молитвата моја се претвори во злословие?“
Уриил го толкува видението
29 #
Дан 9,20.21 Кога го говорев ова, тој дојде при мене, 30#Откр 1,17; 5,14; Дан 8,17.18; 5,15ме виде, и, ете, јас лежев како мртов и во несвест; ме фати за десната рака, ме поткрепи и, откако ме исправи на нозе, ми рече: 31„Што ти е? Зошто разумот и чувствата на твоето срце се смутени? Од што се возбудуваш?“ 32#9,24Јас му одговорив и му реков: „Ти ме остави; постапувајќи по твоите зборови, излегов во полето и, ете, видов и уште го гледам она што не можам да го сфатам.“ 33#6,13Тој ми рече: „Стој храбро, јас ќе ти објаснам.“ 34Јас му реков: „Говори ми, Господаре мој; само не оставај ме залудно да умрам; 35бидејќи го видов она што не го знаев и го чув она што не ми беше познато. 36#Сир 34,2Дали моето чувство ме мами или душата моја блада во сон? 37Затоа, ти се молам, да ми ја објасниш мене, на твојот слуга, оваа моја избезуменост.“ – Одговарајќи ми, тој рече: 38#12,36„Слушај ме, јас ќе те научам и ќе ти го објаснам тоа што те исплаши: зашто Севишниот ќе ти открие многу тајни. 39#6,32Тој го гледа твојот прав пат, гледа дека непрестајно жалиш за народот и дека силно тажиш за Сион. 40Ова значи видението што ти се јави пред малку: 41#9,38жената што ја виде дека плаче, а ти се мачеше да ја утешиш, 42#10,27таа која отпосле стана невидлива, а тебе ти се јави град кој се ѕидаше – 43и што ти раскажа за смртта на сина си, еве што значи: 44#9,38; 10,27жената што ја виде – тоа е Сион. А она што ти рече таа – која ја виде како град – туку што почнал да се ѕида, 45#9,43дека таа триесет години била неплодна, со тоа се покажа оти во текот на триесет години не била принесувана жртва во Сион. 46#3 Цар 8,62; 2 Лет 7,4По триесет години неплодната родила син; тоа беше тогаш кога Соломон го изѕида градот и принесе жртва. 47А она што ти рече дека со труд го отхранила, тоа беше животот во Ерусалим. 48#10,1А она што ти рече, дека нејзиниот син, кога влегол во брачната одаја, паднал и умрел, тоа е паѓањето на Ерусалим. 49И ете, ти ја виде споредбата со неа: како таа жалеше за својот син, а ти настојуваше да ја утешиш за она што станало: ова требаше да ти се објасни, 50#Ис 54,11А сега, Севишниот, гледајќи те дека жалиш со душа и со срце за него, Тој ти ја покажа светлината на неговата слава и неговата убавина. 51#10,32; 9,24Токму затоа ти заповедав да живееш во полето, каде што не е положена основа за зграда. 52Јас знаев дека Севишниот ќе ти го покаже ова; 53#10,32; 9,24да дојдеш во полето, каде што не е положена основа за зграда. 54Зашто не можеше да постои основа за човечка градба, таму каде што почнуваше да се покажува градот на Севишниот. 55#Пс 47,12.13Па така, не плаши се, да не се плаши твоето срце, но влези и види ги болскотот и убавината на градбата, колку што можат твоите очи да гледаат. 56Потоа ќе чуеш колку што можат твоите уши да слушаат. 57#12,7Ти си поблажен од многумина и, како малкумина, си повикан при Севишниот. 58Утре преку ноќта остани тука, 59#7,44и Севишниот ќе ти покаже видение на најголеми дела, кои Тој ќе ги изврши во последните дни за жителите на земјата.“ 60И спиев преку таа ноќ и преку идната како што ми заповеда тој.
Селектирано:
3 Ездра 10: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006