2 Коринтјаните 3
3
Служењето на Новиот завет
1 #
5,12; 10,12; Дела 18,27; Рим 1,17; 1 Кор 1,30; Гал 3,13; Фил 3,9 Пак ли ќе почнеме сами да се фалиме пред вас? Или ни се потребни, како на некои, препорачувачки писма до вас или од вас? 2#1 Кор 9,2Вие сте нашето писмо, впишано во нашите срца, кое го познаваат и читаат сите луѓе. 3#2 Мојс 24,12; Ер 31,33; Ез 11,19; 36,26Јасно е дека вие сте Христово писмо, составено преку нашата служба, напишано не со мастило, туку со Духот на живиот Бог, не на камени плочки, туку на човечки срца. 4Таква сигурност во Бога имаме преку Христа, 5#Јн 3,27; 15,5но не дека сме способни да помислиме нешто како од себе; напротив, нашата способност доаѓа од Бога. 6#Ер 31,31; Ефес 3,7; Кол 1,23.25Тој ни дал способност да бидеме слуги на новиот завет, не на буквата, туку на Духот; зашто буквата убива, а Духот оживотворува. 7#2 Мојс 32,16; 39,29-35Ако, пак, смртоносното служење со букви, врежани во камења, беше така славно, што синовите Израилеви не можеа да погледаат во лицето на Мојсеј, поради минливата слава на неговото лице, 8тогаш колку пославно ќе биде служењето на Духот! 9Зашто, ако служењето што донесува осудување било славно, тогаш колку повеќе ќе изобилува со слава служењето за праведноста! 10И навистина, не ни беше прославено во таа мера она што беше прославено ако се спореди со преголемата слава. 11Зашто, ако е славно она што е минливо, тогаш многу пославно ќе биде она што е трајно. 12Имајќи, пак, таква надеж, ние дејствуваме со голема слобода, 13а не како Мојсеј што ставаше превез на лицето свое за да не можат синовите Израилеви да го видат крајот на минливото. 14#Мк 4,12; Дела 28,27; Рим 10,4; 11,7.8; Евр 8,13Но умовите нивни заслепеа, бидејќи и до ден денес, кога се чита Стариот завет, им стои истиот превез, зашто само Христос го симнува. 15#Дела 15,21Па така, и до ден денес, кога се чита Мојсеј, превезот им стои на нивното срце. 16#2 Мојс 34,34Но, кога ќе се обратат кон Господ, превезот им се симнува. 17#Јн 4,24; Рим 8,2; 1 Кор 6,17А Господ е Духот; а каде што е Духот Господов, таму има слобода. 18#4,6; Рим 8,29; 1 Јн 3,2Ние, пак, сите со откриено лице, како во огледало гледајќи ја славата Господова, се преобразуваме во истиот лик, од слава во слава, како од Духот Господов.
Селектирано:
2 Коринтјаните 3: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006