Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Петар 3

3
Должности на сопружниците
1 # 1,25; 1 Кор 7,12-16; Ефес 5,22; Кол 3,18; Тит 2,5 А така и вие, жените, бидете им покорни на своите мажи, та, ако не­кои од нив не му се покоруваат на сло­вото, преку поведението на своите жени да се придобијат без приговор, 2кога ќе го видат вашиот чист и богобојазлив живот. 3#Ис 3,16; 1 Тим 2,9-15Вашата убавина да биде не надво­решна, односно во плетењето на косите, китењето со злато или облекување на облеки, 4#Мт 6,4.6.18туку – внатрешна, во срцето на скриениот човек, во постојаност и тих дух, што е драгоцено пред Бога. 5Зашто така некогаш се украсуваа и светите жени, кои се надеваа на Бога и им се покоруваа на мажите свои, 6#1 Мојс 18,12; Гал 4,28како што Сара го слушаше Авраам, нарекувајќи го господар. Вие сте нејзини чеда; ако правите добро, не плашете се од ништо. 7#Ефес 5,25; Кол 3,19Така и вие, мажите, живејте со своите жени во разбирање и почитувај­те ги како послабо суштество и како сонаследници на благодатниот живот, за да не се појави препрека во молит­ви­те ваши.
Страдање заради правда
8 # Рим 12,14-18 А најпосле, бидете сите еднодушни, сочувствителни, братољубиви, милосрдни, дружељубиви, понизни; 9#2,23; Мт 5,38.43; Лк 6,28; 1 Сол 5,15не враќајте зло за зло или навреда за навреда, туку, напротив: благословувај­те, знаејќи дека за тоа сте повикани за да наследите благослов. 10#Пс 33,12-16„Зашто, кој го сака животот и сака да види добри денови, нека го пази ја­зи­кот свој од зло, и усните негови да не зборуваат лаги. 11Нека одбегнува зло и нека прави добро, нека бара мир и нека се стреми кон него – 12бидејќи очите на Господ се вперени кон праведните, и ушите Негови – кон нивните молитви, а лицето Господово е против оние кои прават зло за да ги истреби од земјата.“
Доверба наместо прогонување
13И кој ќе ви направи зло, ако правите добро? 14#2,20; 4,14; Ис 8,12; Изреки 3,25; Мт 5,10; 10,26-31Но, ако и страдате за правда, блажени сте; не плашете се од она од што тие се плашат и не бојте се; 15#Ис 8,13туку Господ Бог почитувајте Го во срцата свои; а бидете секогаш подготвени со кротост и страхопочит за од­говор на секого кој од вас ќе побара сметка за вашата надеж. 16#2,12.15Имајте чиста совест, та со тоа, што ве напаѓаат како злосторници, да се посрамат тие што ве кудат поради вашиот добар живот во Христос. 17#2,20Зашто, ако ѝ е угодно на Божјата волја, подобро е да страдате правејќи добро, отколку вршејќи лошо.
Победата на Христос се покажува во сите
18 # 2,21-24; Рим 5,6; 6,10; Ефес 2,18; Евр 9,26-28 Бидејќи и Христос, за да нѐ доведе кај Бога, еднаш пострада за гревовите наши, праведник за неправедните; вис­тина, умре по тело, но оживеа со духот. 19Во него откако слезе, им проповеда и на духовите кои беа в затвор, 20#1 Мојс 6,1-7; 7,7; 2 Птр 2,5; 3,9кои некогаш не се покорија кога Божјата долготрпеливост ги оче­ку­ваше, во времето на Ное, при правењето на ковчегот, во кој малкумина, односно осум души се спасија од водата. 21#1,3; Рим 6,4; Кол 2,12-13; Евр 10,22Образецот на таа вода – крштевањето, но не отстранувањето на телесната нечистотија, туку ветувањето на Бога добра совест – нѐ спасува сега и нас преку воскресението на Исус Христос, 22#Дела 2,33; Ефес 1,20-21; Кол 2,15Кој, откако се вознесе на небото, е оддесно на Бога, а Кому Му се покоруваат ангелите, властите и силите.

Селектирано:

1 Петар 3: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се