Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 16

16
Милостиви дарови за помош на браќата во Ерусалим
1А што се однесува до собира­њето милостина за светиите, пра­вете и вие онака, како што одредив по црквите во Галатија; 2#Мт 28,1; Дела 20,7во секој прв ден од седмицата секој од вас да оддели и остави кај себе колку што може, така што собирањето да не се врши кога ќе дојдам. 3А кога ќе дојдам, оние што ќе ги одобрите, нив со писма ќе ги испратам, за да го однесат вашиот дар во Еруса­лим. 4#2 Кор 8,20-21Ако, пак, е потребно да отидам и јас, тогаш ќе појдат со мене.
Плановите на Павле
5 # Дела 19,21 Ќе дојдам кај вас, откако ќе ја поминам Македонија, зашто низ Македонија само ќе минам. 6А можеби кај вас и ќе се задржам, па дури и да презимувам, та вие да ме придружувате насекаде, каде што ќе одам. 7Зашто не сакам сега веќе да ве ви­дам само патем; а се надевам, ако до­пушти Господ, меѓу вас да поминам некое време. 8А во Ефес ќе останам до Пе­де­сет­ни­ца, 9#Дела 14,27; Кол 4,3зашто за мене се отвори голема и за работа погодна врата, а противници има многу. 10Ако, пак, дојде Тимотеј, гледајте меѓу вас да биде безбеден; зашто тој го извршува делото Господово како и јас. 11#1 Тим 4,12Никој да не го презира, туку испра­тете го во мир, та да дојде кај мене, зашто го очекувам со браќата. 12А што се однесува до братот Аполос, многу го молев да дојде кај вас со браќата; но, навистина, не сакаше се­га да дојде, а ќе дојде, кога ќе биде по­годно.
Последни препораки и поздрави
13 # 15,58; Пс 30,24; Мк 13,37; Рим 11,20; Гал 5,1; Ефес 6,10; Фил 1,27; 2 Сол 2,15 Бидете бодри, стојте во верата, држете се машки, бидете крепки. 14Секое ваше дело нека биде во љу­бов. 15#1,16; Рим 16,5Ве молам уште, браќа: знајте дека домот на Стефанин е првиот плод на Ахаја и дека се определи да им служи на светиите. 16Покорувајте им се и вие на такви и на секого, што соработува и се труди! 17Се радувам што дојдоа Стефанин, Фортунат и Ахаик: тие го пополнија ва­шето отсуство, 18зашто го успокоија духот мој и ваш. Почитувајте ги таквите! 19#Рим 16,3; 16,5Ве поздравуваат црквите од Азија; многу ве поздравуваат Акила и Прис­кила со својата домашна црква. 20#Рим 16,16; 2 Кор 13,12; 1 Сол 5,26; 1 Птр 5,14Ве поздравуваат сите браќа. Поз­дравете се еден со друг со свет целив! 21#Гал 6,11; Кол 4,18; 2 Сол 3,17; Фил 1,19Ве поздравувам јас, Павле, своерач­но. 22А оној што не Го љуби Господ Исус Христос, нека биде проклет, Маран-ата. 23Благодатта на Господ Исус нека биде со вас, 24и љубовта моја со сите вас во Хрис­тос Исус.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се