1
Ефесјаните 5:1-2
Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик
Следете го Божјиот пример, бидејќи вие сте Негови омилени деца. Вашите постапки нека бидат водени од љубовта, токму онака како што Христос, воден од љубов, го принесе Својот живот како жртва што Му е пријатна на Бог и има сладок мирис.
Спореди
Истражи Ефесјаните 5:1-2
2
Ефесјаните 5:15-16
Внимавајте како живеете! Нека биде тоа мудро, а не неразумно. Ова се тешки времиња, затоа користете го секој миг.
Истражи Ефесјаните 5:15-16
3
Ефесјаните 5:18-20
Не опивајте се со вино! Тоа може само да ве уништи. Дозволете Му на Светиот Дух да ве исполни и да ве води! Разговарајте еден со друг, читајте псалми, пејте химни и духовни песни! Вашите срца нека пеат за Господ! Постојано и за се заблагодарувајте Му се на Бог, небесниот Татко во името на нашиот Господ Исус Христос.
Истражи Ефесјаните 5:18-20
4
Ефесјаните 5:17
Немојте да се однесувате глупаво, туку трудете се да сфатите како Господ сака да се однесувате.
Истражи Ефесјаните 5:17
5
Ефесјаните 5:25
Истото важи и за вас мажите. Секој маж нека си ја сака својата сопруга онака како што Христос ја сака Црквата и животот си го даде за неа
Истражи Ефесјаните 5:25
6
Ефесјаните 5:8
Вие порано бевте во мрак, но сега, откако поверувавте во Господ, ве огреа светлина. Затоа однесувајте се како деца на светлината.
Истражи Ефесјаните 5:8
7
Ефесјаните 5:21
Слушајте се еден со друг од почит спрема Христос.
Истражи Ефесјаните 5:21
8
Ефесјаните 5:22
Жените треба да ги слушаат своите сопрузи, онака како што Го слушаат Господ
Истражи Ефесјаните 5:22
9
Ефесјаните 5:33
Затоа, ќе ви повторам уште еднаш: секој маж нека си ја сака сопругата, онака како што се сака себеси, а жената нека го почитува својот сопруг.
Истражи Ефесјаните 5:33
10
Ефесјаните 5:31
Светото Писмо вели: „Заради тоа човек ќе ги напушти својот татко и својата мајка и ќе се здружи со својата жена, па тие двајца ќе станат едно тело.“
Истражи Ефесјаните 5:31
11
Ефесјаните 5:11
Не учествувајте во бесполезни работи, кои се дела на темнината. Напротив, разоткривајте ги!
Истражи Ефесјаните 5:11
Дома
Библија
Планови
Видеа