Ефесјаните 5:18-20
Ефесјаните 5:18-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Не опивајте се со вино! Тоа може само да ве уништи. Дозволете Му на Светиот Дух да ве исполни и да ве води! Разговарајте еден со друг, читајте псалми, пејте химни и духовни песни! Вашите срца нека пеат за Господ! Постојано и за се заблагодарувајте Му се на Бог, небесниот Татко во името на нашиот Господ Исус Христос.
Ефесјаните 5:18-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И не опивајте се со вино, во него има разврат, но исполнете се со Дух. Разговарајте меѓу себе со псалми и славословија и духовни песни, пеејќи и воспевајќи Го Господ во срцата ваши; благодарејќи Му секогаш за сѐ на Бога и Отецот, во името на нашиот Господ Исус Христос
Ефесјаните 5:18-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И не се пијанете со вино, во кое е разузданоста, туку полнете се со Духот! Зборувајте си еден на другиот со псалми, и химни, и со духовни песни! Пејте Му на Господа и воспевајте Го во вашите срца! Благодарете Му секогаш за сѐ на Бог и Таткото, во името на нашиот Господ Исус Христос!