На жената пак ѝ ги дадоа двете крила на големиот орел, за да одлета во пустината на своето место, каде е хранета за едно време, и две времиња, и време ипол, настрана од лицето на змијата. А змијата испушти од својата уста вода како река по жената, за да ја однесе со реката. Но земјата ѝ помогна на жената, и земјата ја отвори својата уста и ја испи реката, што змевот ја испушти од својата уста.