1
БРОЕВИ 22:28
Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов
Тогаш Господ ја отвори устата на ослицата, па таа му проговори на Валаама: „Што ти сторив па ме биеш веќе трипати?“
Спореди
Истражи БРОЕВИ 22:28
2
БРОЕВИ 22:31
Тогаш Господ му ги отвори очите на Валаама, и тој го виде Господовиот Ангел како што стои на патот, со гол меч во раката. Тој ја наведна главата и му се поклони.
Истражи БРОЕВИ 22:31
3
БРОЕВИ 22:32
Тогаш Господовиот Ангел му рече: „Зошто ја биеше веќе трипати твојата ослица? Па јас истапив за да те спречам, зашто, пред моите очи, патот те води во пропаст.
Истражи БРОЕВИ 22:32
4
БРОЕВИ 22:30
А ослицата му одговори на Валаам: „Зар јас не сум твојата ослица на која јаваше во текот на целиот твој век до денес? Дали имав навика да постапувам така со тебе?“ „Не!“ одговори тој.
Истражи БРОЕВИ 22:30
5
БРОЕВИ 22:29
Валаам ѝ одговори на ослицата: „Затоа што ме навреди! Да имам меч во раката, сега ќе те убиев!“
Истражи БРОЕВИ 22:29
6
БРОЕВИ 22:27
Кога ослицата го согледа Господовиот Ангел, легна под Валаама. Валаам се налути и почна да ја бие ослицата со стап.
Истражи БРОЕВИ 22:27
Дома
Библија
Планови
Видеа