1
БИТИЕ 22:14
Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов
Авраам му даде име на тоа место Јахве-Ире (Господ Промислува). Затоа се вели денес: „На Гората На Господовото Промислување.“
Спореди
Истражи БИТИЕ 22:14
2
БИТИЕ 22:2
Бог продолжи: „Земи го својот син, својот единец Исак, кого го љубиш, и отиди во месноста Морија и принеси го таму како жртва паленица, на ридот што ќе ти го покажам.“
Истражи БИТИЕ 22:2
3
БИТИЕ 22:12
„Не ја спуштај раката врз детето - рече - ниту му прави нешто! Еве, сега знам дека се боиш од Бога, зашто не го задржа од Мене ни својот син, својот единец.“
Истражи БИТИЕ 22:12
4
БИТИЕ 22:8
„Бог Самиот ќе си предвиди за јагнето за жртвата паленица, сине мој!“ одговори Авраам. И го продолжија патот.
Истражи БИТИЕ 22:8
5
БИТИЕ 22:17-18
ќе го излеам Својот благослов на тебе и ќе го направам твоето потомство многубројно, како ѕвезди на небото и песок на морскиот брег! А твоите потомци ќе ги освојуваат вратите на своите непријатели. Бидејќи ја послуша Мојата заповед, сите народи на земјата ќе бидат благословени преку твоето потомство.“
Истражи БИТИЕ 22:17-18
6
БИТИЕ 22:1
По тие настани Бог го стави на проверка Авраама. Го повика: „Аврааме!“ Тој одговори: „Еве ме!“
Истражи БИТИЕ 22:1
7
БИТИЕ 22:11
Но Господов ангел од небото го повика и рече: „Аврааме! Аврааме!“ „Еве ме!“ одговори тој.
Истражи БИТИЕ 22:11
8
БИТИЕ 22:15-16
Господовиот ангел го повика Авраама, од небото, по вторпат и рече: „Се заколнувам Сам со Себеси, Господ вели: бидејќи го направи тоа и не го задржа од Мене својот син единец
Истражи БИТИЕ 22:15-16
9
БИТИЕ 22:9
Стигнаа до местото за кое зборуваше Бог. Тогаш Авраам подигна жртвеник, ги нареди дрвата, го врза својот син Исака и го положи над цепениците на жртвеникот.
Истражи БИТИЕ 22:9
Дома
Библија
Планови
Видеа