Господ Бог зборува вака: „Од врвот на големиот кедар, од врвчето на неговите млади гранчиња, ќе скршам гранче и ќе го посадам на висока гора, на највисоката. На највисоката израелева гора, ќе го посадам него: тоа ќе пушти гранчиња, ќе роди со плод, и секаков вид птици ќе живеат под него, под сенките ќе се населат.