Езекиел 17:22-23
Езекиел 17:22-23 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Господ Бог зборува вака: „Од врвот на големиот кедар, од врвчето на неговите млади гранчиња, ќе скршам гранче и ќе го посадам на висока гора, на највисоката. На највисоката израелева гора, ќе го посадам него: тоа ќе пушти гранчиња, ќе роди со плод, и секаков вид птици ќе живеат под него, под сенките ќе се населат.
Езекиел 17:22-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Така вели Господ Бог: „Ќе земам од врвот на високиот кедар – и ќе посадам; од неговите најголеми гранки ќе откинам нежно гранче и ќе го посадам на висока и величествена планина. На високата Израелска гора ќе го посадам – и тоа ќе пушти гранки, ќе даде плод и ќе стане величествен кедар, и ќе се собираат под него секаков вид птици, секаков вид пернати и ќе се одмараат во сенката на неговите гранки.