И додека свиреа и пееја сложно како еден и едногласно Го фалеа и Го славеа Господа, подигајќи го гласот покрај трубите, кимвалите и покрај другите свирки, фалејќи Го Господа „зашто е благ и зашто е вечна Неговата љубов“, облак го исполни Господовиот Дом. Свештениците не можеа да ја продолжат службата од облакот: Господовата слава го исполни Божјиот Дом!