Кога Саул ги чу тие зборови, Господовиот Дух слезе на него, и силен гнев зовре во него. И тој зеде два вола, ги насече, и деловите ги испрати по пратеници во сите Израелеви краишта и порача: „Кој не ќе тргне по Саула, вака ќе биде со неговите говеда.“ И Божјиот страв ги опфати луѓето, па тргнаа како еден човек.