И тие, кога се собраа со старешините и направија совет, им дадоа многу пари на војниците,
велејќи: – кажете дека учениците Негови дојдоа и Го украдоа, кога ние спиевме;
и, ако за тоа чуе управникот, ние ќе го смириме и ќе направиме и вам ништо да не ви се случи.
А тие ги зедоа парите и направија, како што беа подучени. И тој глас се пренесува меѓу Јудејците и до ден-денеска.