Матеј 28:12-15
Матеј 28:12-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тогаш свештеничките поглавари се состанаа со народните старешини и решија да ги подмитат стражарите со голема сума пари. Им рекоа вака: „Ќе кажувате дека Исусовите ученици дошле ноќе додека вие сте спиеле и го украле Неговото тело! Ако за ова чуе гувернерот, ние ќе се погрижиме да нема непријатности за вас.“ Стражарите ги зедоа парите и постапија онака како што им беше кажано. За ова меѓу Јудејците се раскажува до денденес.
Матеј 28:12-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И тие, кога се собраа со старешините и се посоветуваа, им дадоа многу пари на војниците, велејќи: „Кажете дека: ‚учениците Негови дојдоа и Го украдоа кога ние спиевме;‘ и, ако за тоа чуе управникот, ние ќе го смириме и ќе направиме и вам ништо да не ви се случи.“ А тие ги зедоа парите и направија, како што беа научени. И тој глас се пренесува меѓу Јудејците и до денес.
Матеј 28:12-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И се состанаа со старешините, и се советуваа, и им дадоа на војниците многу сребреници и им рекоа: „Кажете дека Неговите ученици дојдоа ноќе и Го украдоа, додека ние спиевме. И ако за ова чуе управителот, ние ќе го убедиме и ќе ве направиме да немате грижа.“ А тие ги зедоа сребрениците и постапија, како што ги подучија. И тоа слово се разгласи меѓу Јудејците до денес.