И ќе има знаци на сонцето, и на месечината, и на ѕвездите; а на земјата – тага кај народите од неизвесноста и од бучењето на морето, и од брановите;
луѓето, пак, ќе умираат од страв и од исчекување на она што ќе го снајде светот, зашто и силите небески ќе попуштат.
И тогаш ќе Го видат Синот Човечки како доаѓа на облаци, со сила и слава голема.