1
Ефесјаните 6:12
Свето Писмо (Гаврилова) 1990
оти нашата борба не е против крвта и плотта, туку против началствата, против властите, против светските управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата.
Спореди
Истражи Ефесјаните 6:12
2
Ефесјаните 6:18
Со секаква молитва и просба молете се со духот во секое време и грижете се за тоа со постојанство и молба за сите светии
Истражи Ефесјаните 6:18
3
Ефесјаните 6:11
Облечете се во сето оружје Божјо, за да се одржите против ѓаволското лукавство
Истражи Ефесјаните 6:11
4
Ефесјаните 6:13
Поради тоа примете го сето оружје Божјо, за да можете да се браните во лош ден, та, откако ќе победите, да се одржите.
Истражи Ефесјаните 6:13
5
Ефесјаните 6:16-17
А над сѐ, земете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги угаснете сите вжештени стрели на лукавиот; земете го и шлемот на спасението и духовниот меч, кој е словото Божјо!
Истражи Ефесјаните 6:16-17
6
Ефесјаните 6:14-15
И така стојте, откако ќе се опашете со вистината и ќе се облечете во оклопот на правдата, и нозете да ви бидат обуени во приправност за да благовестите мир.
Истражи Ефесјаните 6:14-15
7
Ефесјаните 6:10
Браќа, потсилувајте се во Господа и во силата на Неговата моќ!
Истражи Ефесјаните 6:10
8
Ефесјаните 6:2-3
Почитувај ги татка си и мајка си! – тоа е првата заповед со ветување, за да ти биде добро, и да живееш долго на земјата.
Истражи Ефесјаните 6:2-3
9
Ефесјаните 6:1
Вие, деца, бидете им послушни на родителите свои, во името на Господа, зашто тоа е справедливо.
Истражи Ефесјаните 6:1
Дома
Библија
Планови
Видеа