Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Псалми 23:4
Сигурност
4 дена
Сигурноста дека ти е простено е Божја желба! Твојата сигурност расте преку средбата со Бог и размислувањето за Неговиот Збор. Следните стихови кога се запомнети, може да ти помогнат да бидеш сигурен во Бог за сите твои денови. Дозволи твојот живот да биде транформиран преку помнење на Библијата! За сеопфатен систем за помнење на Библијата, посети ја страницата: http://www.MemLok.com
Тага
5 дена
Тагата може да изгледа неподнослива. Иако пријателите и семејството добронамерно ни нудат подршка и охрабрување, често сметаме дека никој не може навистина да нѐ разбере - и дека сме сами во нашето страдање. Во овој план, ќе се соочиш со утешни стихови од Светото Писмо кои ќе ти помогнат да ја пронајдеш Божјата перспектива, да ја почувствуваш грижата на Спасителот и да доживееш ослободување од твојата болка.
Недостаток на мир
7 дена
Дали е навистина возможно да имаме мир додека живееме во болка? Краткиот одговор е: да, но не можеме да го постигнеме со наша сила. Во година во која бевме преоптоварени, многумина од нас останаа да се запрашуваат дали ова е возможно. Низ овој 7-дневен Библиски план, во придружба на пораките од Пастор Крег Грошел, ќе откриеме како да го пронајдеме мирот кој ни недостасува на секој еден од нас.