Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Псалми 119:11

Од овој ден натаму, од Крег и Ејми Грошел
7 дена
Ти можеш да имаш одличен брак. Одлуките кои ги донесуваш денес ќе одредат каков брак ќе имаш утре. Пасторот и еден од најпродаваните автори според New York Times Крег Грошел (Craig Groeschel), заедно со неговата сопруга Ејми (Amy), ти покажуваат како следниве пет одлуки може да ти помогнат да го заштитиш бракот од неуспеси: барај го Бог, бори се чесно, забавувај се, остани чист и никогаш не се предавај. Добиј го бракот што отсекогаш го сакаше, почнувајќи сега - од овој ден натаму.

Исус ме сака
7 дена
Каков би бил твојот одговор доколку некој те праша “Што треба да верувам за да кажам дека сум христијанин?“ Преку пеење на едноставни стихови од една песна, “Знам дека Исус ме сака, тоа го читам во Библијата”, еден новинар кој постанал пастор ќе ти помогне да разбереш во што веруваш и зошто. Најдобро продаваниот автор на книги Џон С. Дикерсон јасно и со вера ќе ги објасни основните христијански уверувања и даде моќно претставување на нивната важност.