Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јован 15:1
Подобар начин
7 дена
Дали некогаш си почувствувал дека сѐ што правиш е исправно, но резултатите се погрешни? Можеби се обидуваш да се поврзеш со Бог, но се чувствуваш се подалеку од Него. Доколку си на работ да прегориш, овој 7-дневен Библиски план, во придружба на серијата пораки од Пасторот Крег Грошел, е наменет специјално за тебе. Време е да престанеш да работиш за Исус и да започнеш да чекориш по патот на Исус.
Послушност
2 Недели
Самиот Исус рече дека секој што го љуби ќе го почитува Неговото учење. Без разлика колку не' чини тоа лично, нашата послушност му значи на Бог. Планот за читање "Послушност" ве води низ тоа што Библијата вели за послушноста: Како да се одржува менталитет на интегритет, улога на милоста, како послушноста не' ослободува и ги благословува нашите животи, и повеќе.
Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвик
30 Дена
Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.