Матеј 2
2
Мудреците од Исток
1 #
2,5; Дан 2,2.10; Лк 1,5; 2,1-7 А кога Исус се роди во Витлеем Јудејски, во времето на царот Ирод, ете, дојдоа во Ерусалим мудреци од Исток, 2#27,11.29.37; 4 Мојс 24,17и рекоа: „Каде е новородениот Јудејски Цар? Ја видовме Неговата ѕвезда на Исток, па дојдовме да Му се поклониме.“
3Штом го чу тоа царот Ирод, се вознемири, а и цел Ерусалим со него. 4Па ги собра сите првосвештеници и книжници на народот и ги праша каде треба да се роди Христос. 5А тие му рекоа: „Во Витлеем Јудејски; зашто така е напишано преку пророкот:
6 #
2 Цар 5,2; Мих 5,1; 1 Цар 11,2; Јн 7,42; Евр 7,14 ’И ти, Витлееме, земјо Јудина,
по ништо не си помал меѓу Јудините началства;
зашто од тебе ќе излезе Водач
Кој ќе го пасе Мојот народ – Израил.‘“
7Тогаш Ирод тајно ги повика мудреците и го дозна од нив времето кога се појавила ѕвездата, 8#1 Цар 23,23па, испраќајќи ги во Витлеем, им рече: „Одете и добро распрашајте се за Детето и, штом ќе Го најдете, известете ме за да дојдам и јас да Му се поклонам.“ 9Тие, откако го ислушаа царот, си заминаа. И ете, ѕвездата, што ја беа виделе на Исток, врвеше пред нив, додека не пристигна и се запре над местото каде што беше Детето. 10А кога ја видоа ѕвездата, тие многу се израдуваа. 11#Ис 49,23; 60,6; Пс 71,10-15И штом влегоа во куќата, Го видоа Новороденчето со мајка Му Марија, па паднаа ничкум и Му се поклонија; потоа ги отворија своите ковчежиња и Му принесоа дарови: злато, ливан и смирна. 12#1,20; 1 Мојс 20,3-7; 31,24; 46,2-4; 3 Цар 13,9; Дела 16,9И откако на сон примија вест да не се враќаат кај Ирод, по друг пат заминаа за својата земја.
Бегството во Египет
13 #
1,20; 3 Цар 11,17.40; 4 Цар 25,26; Ер 26,21 А штом си отидоа тие, ете, ангел Господов му се јави на сон на Јосиф и му рече: „Стани, земи ги Детето и мајка Му, па бегај во Египет и остани таму додека не ти кажам, бидејќи Ирод ќе Го бара Детето за да Го погуби.“ 14И, откако стана, Го зеде Детето со мајка Му сред ноќта и отиде во Египет. 15#1,22; Ос 11,1И таму остана до смртта на Ирод, за да се исполни реченото од Господ преку пророкот, кој вели: „Од Египет Го повикав Мојот Син.“
Убиството на витлеемските деца
16Тогаш Ирод, гледајќи дека мудреците го надитрија, многу се разгневи и нареди да ги погубат сите деца во Витлеем и по целата негова околина од две години и помали, според времето што точно го беше дознал од мудреците. 17Тогаш се исполни кажаното преку пророкот Еремија, кој вели:
18 #
Ер 31,15
„Глас се слушна во Рама,
плач и ридање и голем пискот:
Рахила ги оплакува своите деца
и не сака да се утеши,
зашто ги нема веќе.“
Враќање од Египет. Населување во Назарет
19А по смртта на Ирод, ангел Господов му се јави на сон на Јосиф во Египет 20#2 Мојс 4,19-20и му рече: „Стани, земи ги Детето и мајка Му и отиди во Израилевата земја, зашто изумреа оние што ја бараа душата на Детето.“ 21#2,14А тој, откако стана, ги зеде Детето и мајка Му, и дојде во Израилевата земја. 22#3,13; 4,23; Ис 9,1; Јн 4,3Но, кога чу дека во Јудеја царува Архелај, наместо татко му Ирод, се уплаши да оди таму; и откако доби вест на сон, замина во галилејските предели. 23#21,11; Ис 11,1; Јн 1,45А кога пристигна, се насели во градот наречен Назарет за да се исполни реченото преку пророците дека ќе се нарече Назареец.
Currently Selected:
Матеј 2: MAK2023
Tya elembo
Share
Copy
Olingi kobomba makomi na yo wapi otye elembo na baapareyi na yo nyonso? Kota to mpe Komisa nkombo
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023